Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Негативни на ковид-19 и сите 95 тестирани ученици во училиштето „Панче Караѓозов“

0
By НОВА ТВ Balaban on October 20, 2021 ПОЛИТИКА
FOTO Alsat TV
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 20, 2021 15:13

Само што заврши тестирањето, и еве сите 95 ученици се негативни на ковид-19. Немаше никакви проблеми со скринингот, се течеше според планираното. Екипи од Центарот за јавно здравје земаа брисеви од учениците во посебна просторија, и добро е, сите наши ученици се негативни на коронавирусот – ни рече Салиу

По утринскиот скрининг за ковид-19 во СУГСГ „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, каде сите 68 тестирани средношколци се негативни, исти резултати добија и 95-те  медицинари во училиштето „Панче Караѓозов“. Брзите тестови со кои и тие беа проверувани денеска покажаа дека сите се негативни на коронавирусот.

Директорката на ова средно училиште, Маја Салиу, за НоваТВ изјави:

– Само што заврши тестирањето, и еве сите 95 ученици се негативни на ковид-19. Немаше никакви проблеми со скринингот, се течеше според планираното. Екипи од Центарот за јавно здравје земаа брисеви од учениците во посебна просторија, и добро е, сите наши ученици се негативни на коронавирусот. По тестирањето, учениците кои имаа часови се вратија во училниците –  ни рече Салиу.

На прашањето дали имало некакви проблеми при тестирањето, Денис Јанкуловски, медицинскиот техничар од Центарот за јавно здравје Скопје, кој заедно со колегите од ЦЈЗ денеска им земаше брисеви на средношколците во двете скопски училишта, изјави:

– За скринингот одлично се организирани и двете училишта, а се тестираа само учениците кои имаат согласност од родителите. Резултатите од брзите тестови ги добивавме за неколку минути. И ние као екипа сме презадоволни од тоа како се одвиваше тестирањето за ковид-19 – ни рече Јанкуловски.

И во СУГСГ „Зеф Љуш Марку“ сите ученици коишто се проверуваа на ковид-19 беа негативни.

Во врска со тоа имало ли родители кои одбиле да дадат согласност нивните деца да бидат тестирани, специјалниот едукатор и рехабилитатор во „Зеф Љуш Марку“, Ајше Беќировска за МИА претходно изјави дека од МОН им предложиле три листи по 69 ученици:

– Од првата листа не земавме согласност од родителите, па потоа од втората или од третата листа ги надокнадивме бројките на ученици. Имаше некои што не се согласуваа и ги почитуваме нивните мислења, но повеќето дадоа согласност, учениците се тестирани и имаат негативен резултат, додаде Беќировска.

Скринингот  продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Според најавите од Министерството за здравство, оваа активност ќе се спороведе во вкупно 364 основни и 109 средни училишта ширум државата, а ќе бидат опфатени 8.178 ученици во 80 општини и во градот Скопје.

(Љ.Б.)

„Панче Караѓозов“ Денис Јанкуловски Ковид-19 Маја Салиу скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.