НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полицискиот час во Албанија останува во сила, а се воведува трета доза антиковид вакцина

0
By НОВА ТВ on October 22, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Технички комитет на експерти за справување со пандемијата, денеска одлучи во Албанија да останат во сила веќе постојните ограничувачки мерки, а ја одобри препораката на Комитетот за вакцинација, за аплицирање трета доза на вакцина против Ковид-19.

Тоа значи дека полицискиот час, воведен во ноември минатата година, продолжува во период од 23 до 6 часот, музика во угостителските објекти се дозволува до 23 часот, а присуство на настани со 30 отсто исполнетот од капацитетот.

Граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини мора да поседуваат сертификат за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антиген тест од 48 часа или потврда дека прележале Ковид, валиден до шест месеци по заздравувањето.

Според Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство, покрај одобрената трета доза донесена е одлука со која се намалува опсегот на возрасната група за вакцинација.

-Почнувајќи од први ноември се воведува трета доза вакцина за лицата над 60-годишна возраст. Исто така се дава можност за вакцинација на децата над 16 години со одобрение на родителите, како и за деца над 12 години кои боледуваат од други болести, рече Ракацоли.

Додаде дека интересот за вакцинација кај населението е во постојано опаѓање и упати апел до граѓаните да се имунизираат, како што рече, ден порано. До сега во земјата се пристигнати над два милиона дози, од кои 1,8 милиона се аплицирани. На национално ниво со една доза опфатени се 38 отсто од граѓаните над 18- годишна возраст.

Албанија Вакцина полициски час
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.