Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Радовиш оствари средба со граѓаните и со пензионерите, кои ги повика на 31 октомври обединети заедно да ја донесат победата, за најдоброто.
– Радовиш е социјалдемократски град, неколку изборни циклуси наназад е единствен, сега повторно е единствен, а во единството е и победата и силата и успехот и среќата, порача Заев и нагласи дека на 31 октомври Радовиш ќе победи.
Во изминатите 4 години и на централно и на локално ниво сме воделе грижа за сите аспекти за граѓаните, отворивме илјадници работни места, невработеноста е падната на 15,9%, платите растат во просек и минималната и просечните во просек за над 6.300 денари, над 100 евра, комплетно економијата е раздвижена, сите крупни прашања во државата се решени, рече Заев, додавајќи дека предизвикот во наредните 4 години е економија, економски стандард, работни места, опции за младите да ги бираат работните места.
– Проблемот со Грција, со Бугарија, законот за јазиците, сите одлуки за реформите што ги донесовме, сите беа за една цел, подобар економски стандард на граѓаните и за ништо друго. Тоа го викаме европеизација дома, да ја донесеме Европа дома и ние сме на вистинскиот пат, и затоа ќе победи прогресот, затоа што се друго е враќање во минатото, се друго е конзервативност, национализам, поделби, тоа не ни треба на нас, тоа не треба никому, истакна Заев.
Многу е важно да се обединиме сите, да пружиме рака на сите, ние не сме си противници, ВМРО-ДПМНЕ е нашиот противник, а вие сите знаете што може да донесе, молк, страв, режим закани, уцени, секаков вид на терор и овие денови веќе го покажаа, тоа повеќе нема да го дозволиме, истакна Заев, додавајќи дека е тука е поддршката од коалицијата од ТДП, ТХП либералите.
– Сите сме заедно, коалицијата е стабилна, јас верувам дека ќе можеме и овие денови пред изборите да објавиме кое е новото мнозинство, работиме на тоа, порача Заев.
Тој нагласи дека народот секој пат знаел да ја одигра историската улога и овој пат ќе ја одигра.
– Се бориме за вистински вредности и сите заедно да застанеме и да се бориме, вие сте гаранција на иднината и на Радовиш и на Северна Македонија, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во Радовиш.