Две лица загинаа, а најмалку девет се повредени во експлозија на универзитет во источна Кина, јавија денеска кинеските државни медиуми. Експлозијата се случила во вчера попладне на Универзитетот за аеронаутика и астронаутика во Нанџинг.
Властите ја истражуваат причината за експлозијата, објави кинеската државна телевизија ЦЦТВ (CCTV).
Идентитетот на жртвите не е соопштен. На веб-страницата на училиштето се наведува дека над 1.000 странски студенти посетувале курсеви за инженерство, бизнис и кинески јазик, но не е јасно колку останале откако Кина почна да воведува ограничувања за патувања поради пандемијата.