Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцината против коронавирусот на Модерна предизвикува силен имунолошки одговор кај деца од шест до 11 години

0
By НОВА ТВ on October 25, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 25, 2021 17:29

Компанијата Модерна денеска објави позитивни резултати од својата вакцина против Ковид-19 кај деца на возраст од шест до 11 години, кои наскоро ќе ги достави до регулаторните тела во светот за одобрување.

Клиничките испитувања спроведени на повеќе од 4.700 деца на таа возраст покажуваат „робустен“ имунолошки одговор во однос на антителата, „поволен безбедносен профил“ и препарат што генерално добро се поднесува, се вели во соопштението на Модерна.

Најчестите несакани ефекти се замор, главоболка, температура и болка во раката каде што е примена инјекцијата.

– Брзаме да ги доставиме податоците до светските регулаторни агенции, изјави шефот на Модерна, Стефан Бансел.

Дозата за деца е приспособена на 50 микрограми, во споредба со 100 микрограми за постарите. Доза од 50 микрограми е избрана и за засилувачка доза на Модерна за постари лица, која неодамна беше одобрена во САД.

Овој резултат значи дека наскоро во САД можат да бидат на располагање две вакцини против Ковид-19 за помали деца.

Американската агенција за лекови (ФДА) треба утре да се состане за да го разгледа барањето за одобрение за употреба на вакцината на Фајзер за деца на возраст од пет до 11 години.

Модерна паралелно спроведува клинички испитувања на уште помали деца меѓу шест месеци и пет години.

„Модерна“ Вакцина деца
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.