НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на „Утрински брифинг“: Тврдам дека Данела Арсовска е државјанин и на Бугарија, очекувам да се повлече

0
By НОВА ТВ Balaban on October 27, 2021 ПОЛИТИКА
фото: архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Затоа што изборите профилираат правец на движење на државата, а дома кога седиме ништо не помагаме, одмагаме, затоа што тогаш не е јасно мнозинството граѓани всушност во каков правец сакаат да се движат, посочи Заев. 
„Мојата цел е пред вториот круг да повикам на мобилизација, на одговорност на граѓаните, на одговорност пред системот, одговорност кон себе, кон својот град, пред својата татковина, со масовно излегување на гласање“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Утрински брифинг“.
Во однос на очекувањата од вториот круг, претседателот Заев истакна дека очекува победа на СДСМ и Коалицијата и заради досегашните политики, но и заради поголемиот капацитет за коалицирање.
„ВМРО-ДПМНЕ го достигна плафонот, нема повеќе коалиционен капацитет заради нивните политики, нашите политики имаат огромен коалиционен капацитет, прво заради проевропските успеси кои што се, вториот дел мултиетничкото општество, тука може да се искористи еден огромен потенцијал кој што остана дома а треба да излезе на гласање и затоа ние го упатуваме повикот кон тие луѓе, излезете затоа што пропуштате и вие да бидете учесници во дефинирање на државата. Затоа што изборите профилираат правец на движење на државата, а дома кога седиме ништо не помагаме, одмагаме, затоа што тогаш не е јасно мнозинството граѓани всушност во каков правец сакаат да се движат“, посочи Заев.
Одговарајќи на прашањето за бугарското државјанство на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска, претседателот Заев истакна дека не е ништо лошо тоа што таа имала бугарско државјанство, но не е чесно пред граѓаните од кои ја бара довербата.
„Тоа што таа криела за државјанството е нечесно и политички и морално, морате да им кажете на своите граѓани кога се кандидирате да бидете градоначалник на градот Скопје, на 650.000 жители, во такви околности нечесниот однос е  уште еден обид за манипулација на целиот наш народ“ ,порача претседателот Заев.

 

 

гласање Зоран Заев излегување интервју СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.