Од почетокот на имунизацијата против ковид-19 во Македонија, досега се вакцинирани вкупно 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537 лица, а трета доза примиле 24.021. Или во проценти, во земјава се вакцинирани 38 отсто од целата популација додека 35 отсто се ревакцинирани.
Според податоците на Министерството за здравство (МЗ), заклучно со 27 октомври, 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од лицата од 18 до 39 години примиле барем една доза на вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина кај полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години.
Досега во земјата се направени вкупно 1.375.566 милиони тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а на активни случаи изнесува 6.499.