НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Јутарњи лист“: Европската Унија изневери многу држави, но ниту една како Северна Македонија

0
By НОВА ТВ Balaban on November 3, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
FOTO Printskrin
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту еден компромис за 15 години не беше доволен ЕУ да го исполни ветувањето. Значи, жртвата која Владата на Зоран Заев ја поднесе, беше залудна. На тој начин, ЕУ ја остави Македонија на цедило, ги изневери очекувањата и не ги исполни не само ветувањата, туку и јасните обврски, пишува „Јутарњи лист“

Европската Унија изневери многу држави, но една речиси уништи. Неспорно е дека за евентуални нови тензии во државата и политичката нестабилност одговорноста ја сноси и Европската Унија, пишува во денешното издание  „Jutarnji.hr“, коментирајќи ја оставката на премиерот Зоран Заев по вториот круг од локалните избори коишто се одржаа во неделата.

Весникот потсетува дека „ЕУ веќе два дена не реагира на новонастанатата ситуација во Северна Македонија“.

– Може да се разбере и ставот дека не коментираат резултати од избори, особено локални. Но оставката на премиерот ја менува целокупната политичка ситуација, не само во Македонија, туку и пошироко, пишува „Јутарњи“.

– Претседателот на Владата на Македонија, односно Северна Македонија (таа држава беше принудена да го промени и името, надевајќи се дека ќе се отворат вратите за интеграција во ЕУ), Зоран Заев, поднесе оставка, откако неговата партија доживеа тежок пораз на локалните избори. На прв поглед, тоа се чини како разумен чин, доказ за чувството за одговорност за неуспех, што и не е некоја карактеристика на политичарите на Балканот. Лидерот на партијата е најзаслужен кога се победува, но и најодговорен кога се губи. Но, оставката на Заев има значително поширок контекст, оценува „Јутарњи лист“.

Оставката, како што додава весникот, доаѓа во време кога на С Македонија уште еднаш и е блокиран патот кон ЕУ. Овојпат „тоа го стори Бугарија со која се спорат околу идентитетски прашања, вклучувајќи ја и етничката припадност на некои историски личности. На пример, дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин“.

– Одговорот на ова прашање во моментов е најголема пречка во процесот на проширување на ЕУ. Не само за Северна Македонија туку и за Албанија, бидејќи ако Бугарија ја блокира Македонија, тогаш некои други држави не се согласуваат пристапните преговори да се отворат со Албанија. И така, целиот процес стои, коментира „Јутарњи“.

– Ако на Германија и на Франција навистина им значеше да дојде до отворање на преговорите, тоа и ќе се случеше. Ќе се најдеше начин да се одоброволи Бугарија сега да се отворат преговорите, а во текот на процесот да се решат отворените прашања, пишува весникот.

– Ниту еден компромис за 15 години не беше доволен ЕУ да го исполни ветувањето. Значи, жртвата која Владата на Зоран Заев ја поднесе, беше залудна. На тој начин, ЕУ ја остави Македонија на цедило, ги изневери очекувањата и не ги исполни не само ветувањата, туку и јасните обврски.

Во кометарот на весникот се нагласува:

– ЕУ досега разочара и други држави, но ниту една како Северна Македонија. Во почетокот на 21 век, Македонија беше првата од државите од регионот на патот кон ЕУ, пред Хрватска. Прва имаше склучено Спогодба за стабилизација и асоцијација. И додека Хрватска го заврши патот кон членството и влезе во ЕУ пред повеќе од осум години, сега С Македонија се уште чека на првиот чекор –  отворање на преговори, наведува „Јутарњи“.

– Европската Унија досега побара од Македонија, но и од сите земји-кандидати или потенцијални кандидати, реформи, борба против корупцијата и исполнување други услови. Во меѓувреме, поранешниот македонски премиер Никола Груевски, обвинет за корупција, доби азил во ЕУ, од кадешто доаѓа актуелниот комесар за проширување. Има многу апсурди во односите меѓу ЕУ и Северна Македонија. Но, несомнено е дека за евентуални нови тензии во земјата и за политичката нестабилност одговорност сноси и Европската Унија, заклучува „Јутарњи лист“.

„Јутарњи лист“ Држави Европската унија изневери Македонија уништи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.