НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скринингот во училиштата откри само 6 основци позитивни на ковид-19 од 1.323 тестирани

0
By НОВА ТВ Balaban on November 4, 2021 ПОЛИТИКА
FOTO Alsat TV
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од тестирани 1.323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци. Од нив само 6 основци биле позитивни на Ковид 19, а 1.317 ученици биле негативни на тестот.

Министерството за здравство информира дека во тек е скринингот на учениците од основните и средни училишта во Република Северна Македонија. Скринингот го вршат Центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава. Министерството за здравство ги објавува досега обработените податоци, од спроведениот скрининг во првите денови.

Од тестирани 1.323  ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци. Од нив само 6 основци биле позитивни на Ковид 19, а 1.317 ученици биле негативни на тестот.

ЦЈЗ при детектирање на позитивен ученик, постапуваат согласно донесениот Алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот. За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати Центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот Ковид 19 меѓу учениците во училиштата.

Министерството за здравство информира дека во моментов во РСМ, 885 деца на возраст од 0-17 години се активни, а последните 24 часа се регистрирани уште 15 позитивни  на Ковид 19.
На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години. Еден пациент е на О2, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.
Според податоците од националниот систем Мој Термин досега во земјата 5800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза вакцина за Ковид 19, а ревакцинирани се 4860 малолетници.

 

Министерството за здравство основни скрининг средни тестирани ученици училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.