НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На местата на избраните градоначалници: Собранието од денеска со шест нови пратеници

0
By Sashko on November 5, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието денеска на пленарна седница треба да верификува мандати на шест нови пратеници, откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.

Локалните избори 2021 донесоа промени во собранискиот состав по победата во првиот круг од изборите на Костадин Костадинов од СДСМ во Струмица, на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Бутел, на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Штип, на Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Охрид и на Биљал Касами од БЕСА во Општина Тетово.

На место Костадинов, во Законодавниот дом треба да дојде Љубица Спасова, на место на Муцунски ќе дојде Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, на место на Костовски ќе биде Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ, на местото на Јорданов ќе биде Драган Ковачки.

На дневен ред на 51 седница се вкупно 14 точки, меѓу кои Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во БиХ, предлог-законите за Академија за судии и јавни обвинители, за адвокатура, за граѓанска одговорност за навреда и клевета, сите во прво читање.

Пратениците треба да дискутираат и за Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, во второ читање, Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, по скратена постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање.

градоначалници локални избори Македонија нови пратеници Собрание состав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.