НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Холандскиот расадник во тетовско Прељубиште како пример за женското претприемништво

0
By Sashko on November 5, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за економија, Крешник Бектеши беше во посета на расадникот на компанијата „Еуропеан плантс“ во тетовско Прељубиште, која е холандска инвестиција, а по повод денот на претприемништвото кое се одбележува во Кралството Холандија. Оваа компанија е управувана од жена и претставува успешен приказна за женско претриемништво во Северна Македонија.

Оваа компанија има над пет милиони евра извоз, а дополнително има и развојни планови со цел да го зголеми производството тука со цел да се зголеми бројот на вработени. Министерството, во склоп на надлежностите, веќе усвои стратегија за женско претприемништво, имајќи предвид дека зборуваме за компанијата која се раководи и сопственик е жена претриемач, ние целосно ќе ги поддржиме жените претприемачи во нашата држава. Со овие посети би сакал да ги поттикнеме сите жени да основаат бизниси. Ние имаме позитивна политика за жените претприемачи со цел да имаат можност да основаат и раководат компанија. Законот за поддршка на инвестициите е во сила и би сакал да ги повикам тие жени да ги користат јавните повици преку Програмата за конкуретност, иновативност и претпримеништво, кои се реализираат во склоп на Министерството за економија, изјави министерот Бектеши.

Компанијата „Еуропеан плантс“ има расадник за декоративни растенија. Вилеке Роес почнала да ја раководи по 2019 година, кога сопругот трагично го загубил животот во Прељубиште.

Почнавме со 2007 година со многу страст и со многу искуство, бидејќи во Холандија имаме исто ваква фирма. Почнавме со 14 вработени и сега имаме 160 вработени, најголем дел се локални жители од оваа област. Има 350 хектари со насади. Извезуваме за Романија, во Полска и во Германија и тоа 95 отсто од производството, додека пет отсто се продаваа тука за малопродажба. Мажот ми трагично почина во 2019 и затоа сакав да продолжам, за него, за Јост, за компанијата и за мене, како и за луѓето кои работат тука долго време. Планот е да се работи уште долго време бидејќи имаме одлична компанија, изјави  Роес.

Амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп информира дека секоја година во ноември Кралската асоцијација за мали и средни претријатија го слави денот на претприемништвото на фирми до 250 вработени.

Мојата земја има приходи од 80 отсто надвор од своите граници и тука гледате како тоа се остварува. Госпоѓа Роес е пример за луѓе кои дошле и направиле нова реалност во оваа земја. Оваа е компанија со најголема површина во Европа кога станува збор за насадни растенија. Имаме посебна почит за неа, бидејќи се посветила на компанијата и по смртта на нејзиниот сопруг. Претприемништвото е убав пример за оваа компанија која сега обезбедува работни места за локалното население и обезбедува поддршка за локалните компании кои се нивните добавувачи, изјави амбасадорот Јан Коп.

Посочи дека Северна Македонија е убава земја за инвестиции во земјоделство, поради почвата, вода и климата, како што рече „либерална држава со отворена и транспарентна економија“.

„Добро се справивте со предизвиците од пандемијата во споредба со други земји и економијата е на добар пат за ЕУ. Оваа земја има прогрес на пат кон ЕУ. Многу работи и пречки, како со Бугарија, треба да се наадминат, но сум оптимист за членство“, додаде Јан Коп.

жени Крешник Бектеши Македонија Прељубиште Претприемништво Расадник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.