Познатиот пејач Маринко Роквиќ (68) почина денеска во Белград. По тој повид се огласи и неговата фамилија и откри дека пејачот се борел со тешката болест – рак на панкреасот.
Со голема тага ја информираме јавноста дека утрово почина нашиот сакан сопруг, брат, татко и дедо Маринко Роквиќ по тешката борба со канцер на панкреасот, се вели во дел од соопштението на фамилијата Роквиќ.
Маринко Роквиќ е роден на 27 јануари во 1954 година во Босански Петровац.