Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОАЕ ги напуштаат строгите шеријатски принципи: Абу Даби од денеска дозволува граѓански бракови

0
By Sashko on November 7, 2021 СВЕТ
Фото: thexplorion.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 7, 2021 19:47

Најновиот декрет на владетелот на Абу Даби им дозволува на немуслиманите да го регулираат својот брачен статус поинаку од претходно, а од денеска ќе можат да се венчаат, да се разведуваат и да имаат заедничко старателство над децата според одредбите на граѓанскиот закон, објави државната новинска агенција.

Тоа е еден од последните потези на Обединетите Арапски Емирати (OAE), земја во која брачниот статус е регулиран според строгите шеријатски принципи, за одржување на конкурентноста како регионален трговски центар.

Според декретот на владетелот на Абу Даби, шеикот Калифа Зајед ал Нахаџан, кој воедно е претседател и на федерацијата на седум емирати на ОАЕ, новиот закон опфаќа граѓански брак, развод, алиментација, заедничко старателство над децата, доказ за татковство и наследство.

Целта на законот е „да се зајакне позицијата и глобалната конкурентност на Емиратите како една од најатрактивните дестинации за таленти и луѓе со вештини“. Граѓанскиот закон за немуслиманите е прв од ваков вид во светот што е „согласно најдобрата меѓународна практика“.

Во Абу Даби ќе се формира нов суд кој ќе се занимава со немуслимански семејни прашања, а сите прашања ќе се решаваат на арапски и на англиски јазик.

Обединетите Арапски Емирати воведоа голем број на законски измени на федерално ниво во минатата година, вклучително и декриминализација на предбрачниот сексуален однос и консумирање алкохол, а исто така беше укинато одредбата за благи казни во случаите „убиства од чест“.

Таа земја од Персискиот Залив се обидува да привлече странски инвестиции преку законски измени и да се направи себеси попожелна за долгорочен престој.

Абу Даби Граѓански бракови ОАЕ Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.