НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во кафе „Горки“ ќе се одржи деликатесен книжевен базар “Кај тарабите“- нови наслови, пита од јаболки и топол салеп

0
By Ана Василевска on November 8, 2021 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За Ника Гавровска од „Гаврош“, малиот книжевен деликатесен базар е еклектичен спој од книжевни приказни, приказни од кујната и човечки приказни.

По примерот на многу градови во светот каде што се одржуваат (пред)божиќните или (пред)новогодишните базари, во кафе „Горки“ во организација на издавачките куќи „Чудна шума“, „Сказнувалка“ и „Гаврош“, секоја сабота ќе биде организиран деликатесен книжевен базар, насловен „Кај тарабите“.

Трите книгоиздателства најавуваат низа настани, нови наслови, вкусни деликатеси, попусти и предновогодишни пакетчиња.

Првиот базар го најавуваат за во сабота на 13 ноември Кафе Горки (ул. Луј Пастер) се наоѓа непосредно до ул. Македонија, во уличката на Кино Култура.

За Ника Гавровска од „Гаврош“, малиот книжевен деликатесен базар е еклектичен спој од книжевни приказни, приказни од кујната и човечки приказни.

„Тоа што не спојува со Чудна шума и Сказнувалка е страста со која идеалистички влегуваме во проектите, па делиме иста сатисфакција од убаво издание или разочарување од одреден склоп на околности, амбиент. „Кај тарабите“ е повод за дружба со публиката со која ретко имавме прилика да комуницираме со оглед на кризата. Но, одиме понатаму, духот треба да се храни со нови наслови и по некоја пита од јаболки и топол салеп“, вели Гавровска.

Според Биљана Црвенковска од „Чудна шума“,  „по пример на (пред)божиќните или (пред)новогодишните базари што се организираат насекаде, а во кои земаат учество и малите независни издавачки куќи, и базарот „Кај Тарабите“ е осмислен да придонесе со весела, новогодишна атмосфера и интересни содржини за децата и за возрасните, но да понуди и попусти, акциски пакетчиња и други промоции за сите возрасти“.

Искра Димковска од „Сказнувалка“ смета дека  настаните за деца и за книги го прават секој град поубаво место за живеење.

„Сакаме книгите што ги издаваме да им ги доближиме на луѓето (на децата) на поинаков, помирислив, разнобоен начин.”, вели Димковска.

А.В

книги саем на книги
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.