НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УКИМ го промовираше Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања

0
By НОВА ТВ Balaban on November 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постојани членови на Центарот се научници и професори на странски универзитети, по потекло од нашата држава: проф. д-р Јадранка Стојановска од Њујорк универзитетот во САД, проф. д-р Розита Димова од Универзитетот во Гент, Белгија, проф. д-р Петар Поповски од Алборг универзитетот во Данска и проф. д-р Никола Стиков од Универзитетот во Монтреал, Канада.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на науката го промовираше новоформираниот Центар за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс) на панелот на тема „УКИМ во интернационални рамки“.

ЦеНИИс е нов инструмент на УКИМ со цел да ја зајакне интернационализацијата и меѓународната соработка. Неговата мисија е да ги поврзува научниците и истражувачите кои работат и творат во светот, а  кои потекнуваат од нашата држава, да воспостават соработка со УКИМ, да се вмрежуваат со нашиот научен кадар и со млади истражувачи и преку синергија да развиваат научни интердисциплинарни јадра во различни области. На тој начин ќе придонесат кон подобрување на видливоста на УКИМ  во меѓународниот научно-истражувачки простор. 

Постојани членови на Центарот се научници и професори на странски универзитети, по потекло од нашата држава: проф. д-р Јадранка Стојановска од Њујорк универзитетот во САД, проф. д-р Розита Димова од Универзитетот во Гент, Белгија, проф. д-р Петар Поповски од Алборг универзитетот во Данска и проф. д-р Никола Стиков од Универзитетот во Монтреал, Канада.

Говорниците дебатираа за нивната мотивација да се приклучат кон Центарот и да придонесат со свои иницијативи и активности да се развијат различни форми на интердисциплинарни соработки со академската заедница на УКИМ, за условите за членство и начините за мотивација на македонските истражувачи низ светот да се приклучат кон иницијативата на ЦеННИс и да соработуваат со УКИМ.

Панелот „УКИМ во интернационални рамки“ го водеше проректорот за наука проф. д-р Валентина Гечевска и учествуваа (со физичко присуство и онлајн) 185 припадници на академската заедница на УКИМ и голем број од меѓународната научноистражувачка заедница од повеќе земји во светот. хс/са/

 

истражувања напредни промовираше УКИМ Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.