НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарното мнозинство останува отворено, партиите со меѓусебни обвинувања

0
By Sashko on November 15, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повик за проширување на парламентарното мнозинство за европска иднина на земјава, обелоденување на случај за нелегално финансирање на политичка партија, но и повик до институциите да извршат увид во наводното нелегално финансирање, го одбележаа вчерашниот ден на партиско ниво.

Позитивни вести испрати швајцарската компанија за управување со ризици „Глобал Риск Профајл“ (ГРП), чија студија ја издвои Република Северна Македонија како најмалку корумпирана од земјите во Западен Балкан. Според ГРП, земјава се наоѓа на 85-то место на листата, со индекс на корупција од 43,56 поени, пред Црна Гора на 89-то и Србија на 92-то место. Косово е на 122-та позиција, Албанија на 125-та, а Босна и Херцеговина на 131-та. Најмалку случаи на поткуп и корупција се откриени во Финска, а по неа следуваат Норвешка, Нов Зеланд, Данска и Шведска.

Повик за окрупнување на парламентарното мнозинство и обвинување за киданапирање пратеник

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби вчера пред отворањето на третото издание на културно-научната манифестација „Денови на азбуката“ изјави дека Владата е стабилна и ги повика пратениците кои сакаат да ја видат земјата во ЕУ да се приклучат кон парламентарното мнозинство.

Ова парламентарно мнозинство, оваа Влада опстои и шансата да се добие датум за отпочнување на преговори на 14 декември веќе е реална. Сметам дека парламентарното мнозинство и пратениците кои ја поддржуваат евроатлантска Северна Македонија ќе расте и убеден сум дека во деновите пред нас и други пратеници ќе се придружат на ова парламентарно мнозинство што ќе расте и ќе опстои за да ја спроведе програмата што ја поддржаа граѓаните на парламентарните избори, нагласи Груби.

Според Груби, „Левица“ била таа што вршела притисок врз пратениците да не ја искажат својата волја.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа „Груби да престане да глуми Европеец“, и, како што наведоа, „лажно да се прикажува како некаков фактор“.

Со Артан Груби и ДУИ може само да биде киднапиран пратеник, а не и да се интегрираме во ЕУ, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на Груби.

И од СДСМ вчера информираа дека остануваат отворени за соработка со сите политички партии, особено со оние кои тежнеат кон исти вредности.

Како политичка партија, сериозна и посветена на демократските процеси во државата, остануваме отворени за натамошна комуникација со сите политички партии, особено со оние кои ги делиме истите вредности, изјави вчера пратеничката Славјанка Петровска, според која опозицијата го нема долго најавуваното парламентарно мнозинство.

Пратеникот на движењето „Беса“, Кастриот Реџепи, пак, кој не се појави во Собранието во четвртокот кога требаше да се гласа по иницијативата на опозицијата за доверба на Владата, најави дека денеска на прес-конференција ќе каже зошто не се појавил и ја повика матичната партија да не презема избрзани чекори кои ќе нанесат штета на партиските структури.

Обвинување за „црни пари“ кај опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ повика институциите да истражат

СДСМ викендот излезе со обвинување за нелегално финансирање на партија. Пратеничката Славјанка Петровска на прес-конференција праша дали во новиот случај се вмешани лица блиски до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Јавноста е запознаена дека Управата за финансиска полиција има отворено предистрага за нелегално финансирање на политичка партија. Станува збор за голем скандал. Според јавно објавените информации преку препродажба на ниви по десеткратно повисока цена обезбедени се милионски средства, на нелегален, криминален начин. Постои основано сомневање дека на крајот овие црни пари завршиле во белиот дворец, истакна Петровска, додавајќи дека очекува одговори од Мицкоски, но и надлежните институции.

Од ВМРО-ДПМНЕ експресно одговорија дека не се истражен орган и ги повикаа надлежните институции да го истражат случајот поради кој, според нив, бил извршен упад во домот на пратеник на денот кога требало да се гласа за недоверба на Владата.

Истиот ден кога власта упадна во домот на пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, се дрзна да киднапира и пратеник. Го повикуваме Обвинителството да го испита случајот, а партијата на премиерот во заминување да побара расветлување на низа други криминални случаи каде постојат вистински докази, како што е случајот рекет и тврдењето дека парите завршиле кај Вице и Зоран Заев, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Во четвртокот, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески објави дека рано утрото во домот на неговите родители влегле припадници на финансиската полиција и извршиле претрес. Тој за настанот информира на неговиот фејсбук профил.

По објавата на Јаулески, од Управата за финансиска полиција соопштија дека претресот не е извршен во домот на пратеникот Јован Јаулески, ниту, пак, кај некој друг претставник на политичка партија, туку се однесува на вработени од ЕВН Електрани Mакедонија ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје.

„Целосно ги демантираме и отфрламе изјавите на пратеникот Јован Јаулески дека претресот е извршен кај него дома, ниту пак кај некој друг претставник на политичка партија. Предистражната постапка се однесува на вработени лица во ЕВН Електрани Mакедонија ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје“, истакнуваат од Управата во пишано соопштение до медиумите.

Македонија мнозинство обвинувања партии Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.