Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа на проф.д-р Марјан Ѓуровски: Што по бугарските избори и македонските парламентарни случувања

0
By Mirjana on November 15, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 15, 2021 10:25

Македонската политичка криза ќе биде пречка за решавање на спорот со Бугарија и ЕУ интеграциите

Бугарија на изборите избра нов пат и продолжување на промените.  Новиот мандатар и потенцијален премиер Кирил Петков и неговиот соиграч Асен Василев се надеж и шанса за да се дојде до компромис за решавање на македонскиот спор, но и овој пат треба да бидеме воздражани  дека решението  ќе биде брзо.

По добивањето на новата бугарска коалициона влада (н.з.ПП+ДБ+БСП+ИТН) може да очекуваме меѓу двете држави да се формираат  заеднички работни групи од бизнисот, културата и образованието, не само од историчари за да се разговара за сите прашања  на средби најмалку еднаш во месецот. Решението треба да се бара преку обезбедување на формула која ќе овозможи заштита на бугарскиот и македонскиот интерес и добрососедски односи.

Лидерство од двете страни за да се одигра заедничкиот танц

Потребен е голем компромис и манифестирање  на лидерство од двете страни за да се одигра заедничкиот танц под тактот на „Ода на радоста„. Претстои воспоставување на нов динамичен процес меѓу двете држави и  извесно е дека висок приоритет на новото МНР во Бугарија ќе биде македонското прашање кој ќе доведе до добрососедство и конструктивност меѓу двата соседа.

Не треба да очекуваме брзо целосно решение на билатералниот проблем зошто евентуална препрека може да биде Румен Радев ако го добие вториот претседателски мандат, за што треба да почекаме уште една недела за да се соочи во дуелот со проф.Анастас Герџиков. Досегашниот шеф на бугарската држава Радев е генерал кој на политиката гледа како на воена тактика.  Препрека за решавање на билатералниот спор меѓу двете држави може да биде и партијата “Има таков народ” на Слави Трифунов како дел од новата Влада, доколку останат компактни како пратеничка група.

Кадровски ремонт на македонската извршна власт

Бугарија ќе добие легитимна нова Влада, нешто што е потребно што побрзо и кај нас дома. Нам ни треба нова македонска Влада со јасен легитимитет во Парламентот, зошто најмалку сега ни е потребна политичка криза во услови на кризна состојба поради пандемијата, недостатокот на електрична енергија, мигрантскиот бран итн.  Времето за домашни политички и партиски калкулации изминува и ничија судбина дома неможе да биде приоритет пред излегување со јасни политички цели и мандат за справување со кризната состојба, борбата против корупцијата, решавање на билатералниот спор со Бугарија и продолжување на ЕУ интеграциите.

Новото парламентарно мнозинство во македонскиот Парламент ќе одлучи дали и кој ќе биде мандатар кој треба да понуди целосно нов владин состав, бидејќи за голем дел од сегашните министри не треба да има место во неа.

Македонската политичка криза ако продолжи, може сега  да биде пречка за решавање на спорот со Бугарија.

Нема да бидеме имуни на појавата на нови политички сили

Изборите во Бугарија уште еднаш потврдија дека традиционалните партии повеќе немаат од порано по автоматизам загарантирани гласови.  Се појавуваат нови политички сили кои ја покажуваат потребата од свежи идеи и визии за иднината.  Македонската држава не е имуна на овие трендови. Локалните избори открија дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го раситнуваат своето гласачко тело за сметка на една граѓанска појава која тежи околу 200 илјади гласачи кои на различен начин демонстрираат потреба од свежи политички наративи и поинаква кадровска понуда.

Македонските партии може да си дадат автогол

Македонскиот блок партии имаат обврска со своите поведенија да не им олеснат на бугарските политичари да ја продолжат “статус кво” состојбата по прашањето на нашите ЕУ интеграции. Не ни е потребен автогол за стратешките аспирации. Треба висока политичка свест за надминување на тесно партиските интереси и стабилизирање на состојбите на среден рок. Доколку СДСМ и ДУИ навистина имаат потенцијал за стабилизирање на владиното мнозинство, тогаш тоа треба да го сторат час поскоро, но проследено со кадровски ремонт на извршната власт. Доколку постои и минимална шанса во декември да добиеме датум за првата меѓувладина конференција со ЕУ, тоа треба да се изведе со достоинствен компромис кој ќе го обезбеди Влада која ќе зрачи со поинаква енергија и ќе влева доверба кај граѓаните дека знае да обезбеди сигурна иднина.

Голем дел од досегашните учесници во македонската извршна власт се дискредитирани по разни основи и токму заради нарушениот личен углед не се во состојба да испорачаат резултати. Едноставно, нивниот понатамошен ангажман би бил со хендикеп. Евентуалното понатамошно инаетење на ВМРО-ДПМНЕ по клучните меѓународни договори за евроатлантските интеграции, не прифаќањето на реалноста која може да биде главно орудие и алиби за нови блокади, нема да ги амнестира од нивниот дел од политичката одговорност, иако се опозиција. Прифаќањето на Преспанскиот договор од ВМРО-ДПМНЕ е добра вест за македонската држава. Но сега равенката е едноставна. Ако не се опаметат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ природно ќе се појават нови иницијативи кои неминовно ќе станат нивна сериозна конкуренција на новите парламентарни избори, кога тие и да се случат.

                                                                             (Авторот е универзитетски професор)

 

анализа Ѓуровски што по бугарските избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.