НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Бегањето од одговорност не е мој стил

0
By Sashko on November 16, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува до средината на декември да се гласа буџетот за наредната година, но не може да предвиди дали прво ќе биде донесен буџетот или новата реконструирана Влада.

Има конструктивна дискусија за Предлог-буџетот за 2022 година, за чие донесување има утврдени законски рокови. Не можам да предвидам што попрво ќе се случи, дали носењето на буџетот или изгласување на новата реконструирана Влада. Но, доколку продолжи дебатата каква што е во првите два дена, се очекува во првата половина на декември да се изгласа буџетот. Мислам дека сите се свесни од аспект на значењето на донесување на буџетот. Има конструктивни дискусии, иако има и разлики, но мислам дека има разбирање за носење на овој буџет од сите политички партии во Собранието и барем засега не гледам такво сценарио да се блокира буџетот, рече Бесими во емисијата „24 Анализа“.

Блокирањето на буџетот, додаде, ќе значи само финансиска нестабилност и тоа не е во интерес на ниту една политичка партија, ниту на граѓаните.

Во интерес на граѓаните е политичката стабилност и предвидливоста, особено што се наоѓаме во период кога покрај пандемијата, која сè уште не стивнува, имаме и енергетска криза која се очекува да стивне во првата половина на наредната година, истакна Бесими.

Прашан дали ќе прифати, доколку му биде понудено, да биде министер за финансии и во новата реконструирана Влада, Бесими рече дека бегањето од одговорност не е негов стил.

Тоа е голем предизвик, а јас не бегам од предизвиците во период кога има пандемија и се соочуваме со сите овие работи, а веќе има и најавени проекти за инвестиции и забрзан економски раст, како и за справување со економската криза. Бегање од одговорност не е мој стил во животот, порача Бесими.

Нагласи дека во овој период во ДУИ не се разговара за евентуални нови кадровски решенија.

„Главната порака во оваа фаза е важноста за институционална и политичка стабилност во земјата, како и предвидливоста. Дали ќе останат министрите на своите позиции останува на раководството и лидерот на партијата да оценат. Во оваа фаза е клучно да се продолжи континуитетот во работење во смисла на проекти и работење на државните институции“, потенцира Бесими.

буџет економија Македонија Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.