Најмалку седум лица се повредени во синоќешните протести во Ротердам, Холандија поради најавите за построги мерки поради корона пандемијата.
Според полицискиот извештај, биле истрелани предупредувачки истрели и пукано на луѓе, откако демонстрантите со камења и пиротехника ги гаѓале полицајците кои се обидувале да изгаснат едно запалено полициско возило а уште едно било целосно демолирано.
Полицијата во Холандија, многу ретко користи огнено оружје, па оттаму вестите кои дојдоа за користење на оружје за растерување на демонстрантите за сите изгледаа збунувачки.
Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб, ги опиша настаните како „оргии на насилството“. Министерот Граперхаус, пак, зборуваше за целни напади врз полициските службеници, пожарникарите и новинарите,.
Неколку стотици полицајци дошле од целата земја во овој пристанишен град за да помогнат да се воспостави редот и мирот. Инаку организацијата која на социјалните мрежи котира со иомето „United We Stand Europe“ организатор на протестите, денеска објави дека за вечерва закажаните протести се откажани.
.