Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Состанок на Главниот кризен штаб: Ќе биде ли вакцинацијата задолжителна во јавниот сектор?

0
By Sashko on November 22, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: gallup.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 22, 2021 07:50

Предлог-мерките на Комисијата за заразни болести за невакцинирани лица во јавниот сектор и за здравствените работници, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, денеска ќе бидат на дневен ред на состанокот на Главниот кризен штаб, а потоа и на седница на Владата.

Согласно предлог-мерките, сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа во сите институции, за одење на работно место ќе треба да прикажат потврда за најмалку една примена доза на вакцина или да имаат негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Оние кои го прележале вирусот ќе приложат потврда за прележан ковид-19, не постар од 45 дена, а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар-специјалист.

Покрај тоа, се предлага вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките треба да стапат на сила по 10 дена од усвојување на Влада, за граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за здравствените работници кои сè уште не се вакцинирале.

Препорака е кон овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.

Бараме да се ажурура процесот за спроведување на контрола на здравствените сертификати, користејќи ги електронските алатки на европските сертификати преку апликација која го прикажува вистинскиот QR код и ја контролира неговата валидност. Ова е мерка со која очекуваме значајно да се зголеми опфатот со вакцинацијата, изјави министерот Филипче кога ги објави предлог-мерките и додаде дека го следат примерот од останатите држави од регионот и од Западна Европа каде се применуваат мерки сѐ повеќе рестрикции за невакцинираните.

Во моментот, државата располага со 470.000 дози на вакцини на „Фајзер“ и 20.000 на „АстраЗенека“. Се очекува да пристигнат уште 200.000 вакцини на „Фајзер“ како донација од Италија, со рок до средината на следната година.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од направени 2.633 тестирања се регистрирани нови 389 случаи на ковид-19, починаа 18 пациенти и оздравеа 317.

Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 8.535 случаи од кои најголем број (3.908) во Скопје. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 212.220, бројот на оздравени пациенти е 196.249, а на починати е 7.436.

вакцинација Главен кризен штаб јавен сектор Ковид-19 Комисија за заразни болести Македонија предлог-мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.