НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сарафов: Човечка грешка е најверојатна причина за несреќата, а не терористички акт или туби со нафта

0
By Sashko on November 25, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Аутопсиите покажуваат дека сите загинати во автобуската несреќа починале од задушување, a не од ударот. Тоа значи дека биле живи во моментот на пожарот. Конечна проценка за причините за несреќата ќе треба да дадат финалните анализи, но водечка верзија во овој момент е човечка грешка, како причина за несреќата, изјави на денешната прес-конференција бугарскиот заменик главен обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Разгледани се, но категорично отфрлени, и верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можни причини за несреќата.

Сарафов посочи дека продолжуваат испитувањата и анализите на автобусот, кои треба да дадат одговор за причините и начинот на избувнување на пожарот, како и сообраќајната анализа за причините за кои автобусот ја напуштил патеката на движење. Не била отфрлена ниту верзијата за лошо обележување на патот, сигнализацијата и дали заштитната ограда во која удрил автобусот придонеле за несреќата.

Изнесувајќи ги собраните информации до овој момент, Сарафов, нагласи дека во медиумите гледа и чита доста шпекулации и псевдо експерти, но дека иако по емисиите може да се видат 15 или 20 очевидци, всушност очевидци на настанот нема ниту еден.

Прво се испрашни двајца од патниците во автобусот кои биле будни во моментот на несреќата. Двајцата даваат објективни информации, испитани се поединечно и исказите им се совпаѓаат, поради што ги земаме за исклучително точни. Денеска се испитуваат и двајца други кои се во болница, изјави Сарафов.

Верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можни причини за несреќата се разгледани и категорично отфрлени.

Пронајдени се три туби. Трите труби не биле полни и не се запалени. Пожарот не избувнал од нив. Верзијата за терористички акт е професионално разгледана и земени се анализи од автобусот за постоење на терористички акт. Категорично ги отфрламе тие верзии. Не станува збор за терористички акт, изјави Сарафов.

Истражителите не нашле докази за експлозија. Работниците во каменоломот што се наоѓа во близина на несреќата, го слушнале ударот на автобусот во првата заштитна ограда на островскиот простор. Има пат на кочење, што значи дека возачот реагирал пред да удри во заштитната ограда. Но, не е јасно зошто скршнал десно и удрил во оградата. Било темно и се препоставува дека возачот се збунил со знакот за чешма. При ударот во оградата автобусот скинал девет столбчиња кои при увидот биле најдени под предниот дел на возилото, каде е сместен резервоарот за гориво. Од ударот, предната врата излетала, но таму избувнал пожар, додека средната врата преку која патниците се обиделе да избегаат била блокрана од заштитната ограда.

Техничкото вештачење на автобусот ќе го вршат најдобрите стручњаци, а со противпожарното вештачење ќе се утврдуваат причините за пожарот. Уште едно сеопфатно вештачење ќе даде одговор на прашањето зошто автобусот ја напуштил траекторијата на патот и како дошол до смртоносниот исход, објасни шефот на националната истрага.

Екипа од Обвинителството утре заминува за Скопје за подигање на изработените ДНК профили од роднини на настраданите, кои потоа ќе се искористат за идентификување на починатите. Потоа, нагласи Сарафов, ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства.

автобуска несреќа Борислав Сарафов Бугарија истрага Македонија причини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.