Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места и планините од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л./м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветар, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд што ќе бидат пообилни попладне, како и во тек на вечерта и ноќта. Минималната температура ќе биде околу 4 степени, а максималната ќе достигне 9 степени.
Поради заладување проследено со засилен северен ветар врнежите во вторник ќе преминат во снег и на повисоките места, а до крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, особено во источните делови. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повисоките места, како речиси и насекаде во источните делови.
Во среда и четврток претпладне ќе има стабилизација со разведрување и ниски утрински температури, а потоа повторно следува период на променливо време со повремен дожд.