НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Крвната плазма не треба да се користи за лекување на пациенти со ковид-19

0
By Sashko on December 7, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Крвната плазма од лицата кои прележале ковид-19 не треба да се користи за лекување на пациентите, бидејќи нема доволно докази за подобрување на нивните шанси за закрепнување, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Плазмата од закрепнатите од инфекцијата не ја намалува ниту потребата од респиратори, нагласи СЗО.

Тезата беше дека употребата на плазма поради антителата што ги содржи може да го неутрализира новиот коронавирус, да го спречи неговото размножување и да го ограничи оштетувањето на ткивото.

Неколку студии не покажаа никаква видлива корист во лекувањето на сериозно болните. Студија во САД е прекината во март, откако беше утврдено дека плазмата веројатно нема да им помогне на пациентите со благи до умерени симптоми на болеста.

Методот е скап и одзема многу време, се вели во соопштението на СЗО.

Панел од меѓународни експерти недвосмислено препорача дека плазмата не треба да се користи во лекувањето на пациенти со лесен облик на болеста, а според нив не треба да се користи ниту во третман на пациенти со тежок и критичен облик на болеста, нагласи СЗО.

Препораката е објавена во Британскиот медицински журнал (БMЏ) и се заснова на докази од 16 испитувања во кои беа вклучени 16.236 пациенти со благи, тешки и критични облици на ковид-19.

Ковид-19 Крвна плазма лекување Свет СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.