НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кина: Државите „ќе платат цена“ за дипломатскиот бојкот на Игрите во Пекинг

0
By Sashko on December 9, 2021 СВЕТ
Фото: scmp.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кина упати остри критики кон земјите што се приклучија на дипломатскиот бојкот на Зимски олимписки игри во Пекинг во февруари и истакна дека многумина политичари, секако, не би биле поканети, јави агенцијата ДПА.

САД во понеделникот објавија дека ниту еден функционер нема да патува на Игрите во знак на протест поради наводите за прекршувања на човековите права од страна на Кина. Австралија, Велика Британија и Канада се приклучија на дипломатскиот бојкот, што не значи дека спортистите нема да учествуваат на ЗОИ.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин денеска во Пекинг изјави дека четирите земји „ќе платат цена за нивните погрешни потези“. Користењето на Олимпијадата за политичка манипулација е „непопуларно“, рече тој.

Би сакал да нагласам дека Кина не покани ниту една од овие држави, истакна Венбин.

Нов Зеланд, исто така, информираше дека нема да испраќа дипломати на настанот што ќе се одржи од 4 до 20 февруари. И германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер соопшти дека нема да отпатува на ЗОИ, но одби да го нарече тоа дипломатски бојкот, посочувајќи дека никогаш не ни било планирано тој да присуствува.

Рускиот претседател Владимир Путин е поканет и ќе оди во Пекинг.

Кина се соочи со критики за наводни прекршувања на човековите права во односот кон Ујгурите и Тибетанците, за сузбивање на демократското движење во Хонг Конг и за заканите против Тајван.

„Спортот нема никаква врска со политиката, продолжи Ванг, велејќи дека огромното мнозинство од меѓународната заедница ги поддржува Зимските игри во Пекинг.

Дипломатскио бојкот ЗОИ 2022 Кина критики Пекинг Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.