Во последните 24 часа се регистрирани 377 нови случаи на ковид-19 од 3.608 направен и тестови од кои 164 во Скопје. Оздравеле 307 пациенти, а починале 12 лица, соопшти Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Покрај главниот град, новозаразени лица се евидентирани и во Кавадарци – 31, во Прилеп – 30, во Битола – 24, во Охрид – 16, во Велес – 15, во Куманово – 11, во Штип – 10, во Кичево – девет, во Тетово – седум, во Струмица и во Крива Паланка – по шест, во Радовиш и во Валандово – по пет, во Гостивар, во Гевгелија, во Неготино, во Делчево и во Богданци – по четири, во Свети Николе, во Ресен и во Кратово – по три, во Кочани, во Македонски Брод и во Македонска Каменица – по два, во Струга, во Пробиштип и во Крушево – по еден.
Во Скопје оздравеле 155 пациенти, во Охрид – 23, во Прилеп – 20, во Кавадарци и во Куманово – по 17, во Битола – 13, во Делчево – 10, во Струга – осум, во Велес и во Ресен – по пет, во Штип, во Струмица, во Валандово и во Кочани – по четворица, во Гевгелија – тројца, во Тетово, во Свети Николе и во Пехчево – по двајца, во Кичево, во Радовиш, во Неготино, во Богданци, во Кратово, во Македонска Каменица, во Берово, во Демир Хисар и во Дојран – по еден.
Пет од починатите лица се пријавени во Скопје на возраст од 63 год., 82 год., 85 год., 85 год. и 87 год. и по едно починато лице од Куманово (61 год.), од Охрид (58 год.), од Битола (67 год.), од Штип (66 год.), од Струмица (62 год.), од Крива Паланка (78 год.) и од Виница (69 год.) – сите во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 6 декември 2021 година. Регистрираното починато лице е од Скопје на возраст од 92 години. Лицето е починато во болнички услови.
Направени се 3.608 тестови преку ИЈЗ – 313, преку ЦЈЗ Скопје – 52, преку ЦЈЗ Битола – 91, преку ЦЈЗ Прилеп – 55, преку ЦЈЗ Тетово – 16, преку ЦЈЗ Куманово – 77, преку Институт за микробиологија – 144, преку Клиника „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 80, преку „Авицена“ – 176, преку „Биотек“ – 214, преку „Систина“ – 50, преку лабораторија „Лаор“ – 202, преку „Синлаб“ – 30, преку „Ремедика“ – 16, преку „Плодност“ – 52, преку „Генеа“ – 9, преку „Никоб лаб“ – 453, преку ВФВ медикал – 90, преку „Ели медика“ – 54, преку „Ројал медика“ – 48, преку „Спектра-ММ“ – 13, преку „Рапид лаб“ – 3, преку „Жан Митрев Струмица“ – 29, преку „Нова лаб дијагностика“ – 6 и преку ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.335.
Досега во земјата се направени вкупно 1.500.087 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а бројот на активни случаи изнесува 5.677.
Според епидемиолошки анализи во моментот, во Скопје се активни – 2.742 лица, во Куманово – 171, во Тетово – 84, во Прилеп – 358, во Битола – 494, во Гостивар – 25, во Велес – 177, во Кавадарци – 259, во Штип – 102, во Охрид – 201, во Струмица – 106, во Кичево – 53, во Кочани – 109, во Струга – 28, во Гевгелија – 76, во Неготино – 45, во Свети Николе – 40, во Крива Паланка – 70, во Ресен – 58, во Радовиш – 66, во Берово – 53, во Дебар – нема, во Делчево – 93, во Виница – 14, во Пробиштип – 24, во Валандово – 42, во Кратово – 27, во Богданци – 21, во Демир Хисар – 48, во Крушево – 33, во Македонски Брод – 18, во Демир Капија – двајца, во Македонска Каменица – 24, во Пехчево и во Дојран по седум.