НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Азески: Кадровската политика e приоритет во концептот „Комора на иднината“

0
By Sashko on December 12, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со назначување на Михајло Донев за в.д. оперативен директор за развој, иновации и знаење, Стопанската комора на Северна Македонија го заокружи промовирањето на концептот „Комора на иднината“. Донев доаѓа на функцијата по пет и пол години работа во Комората на различни позиции во областа на образованието, едукацијата и работата на проекти.

Според претседателот на Комората, Бранко Азески, постојано се води сметка за кадровската политика и тоа е еден од клучните приоритети. Денес, дополни тој, по градењето свои кадри во изминатите 15 години, Комората брои 40 високобразовани кадри од кои три доктори на науки, 18 магистри и 10 експерти од сите сфери.

За дa влијаеме на поголема примена на информациско-комуникациските технологии во компаниите, мораме да покажеме достоен пример дека и ние постојано се трансформираме во насока на градење Комора која е агилна и приспособлива преку понудување соодветна експертиза за своите членки, рече Донев на промоцијата.

Според Даниел Матракоски, соработник во коморската стручна служба, коморите мора да се менуваат за да одговорат на потребите на членките.

Оттука и реинвенцијата, односно реосмислувањето на работата секогаш е на дневен ред. Дигитализацијата е вистинскиот чекор за успех на долги патеки. Комората треба да ги искористи идеите кои се иницираат во време на криза за да излезе како посилен и подобар партнер на бизнис заедницата, истакна Матракоски.

Нена Николовска, експерт во Комората, изјави дека за неа „Комората на иднината“ е куќа на бизнисот која долгогодишното искуство го има преточено во иновативност со цел да одговори на потребите на компаниите.

„Комора на иднината“ Бранко Азески Концепт Македонија Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.