Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ дипломати: Нема поддршка за одвојување на С. Македонија и Албанија

0
By НОВА ТВ Balaban on December 13, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: euneighbours.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 13, 2021 14:18

Бугарија се буни за повеќе формалности во заклучоците за Северна Македонија, како што дознава МИА од дипломатите присутни на разговорите на амбасадорско ниво. Една точка проблематична за Бугарија е употребата на долгото име, Република Северна Македонија, на која инсистира Софија.

ЕУ сѐ уште нема согласност за заклучоци за проширување пред утрешниот министерски состанок, спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е една од главните пречки, но не е единствена, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Слично на минатата години земјите членки на ЕУ повторно не можат да ги усогласат заклучоците во делот на проширувањето. Доколку нема заклучоци ова би било втора година по ред како ЕУ не може да постигне согласност за оваа политика. Меѓутоа, овојпат поголема е веројатностa словенечкото претседателство да настапи со претседателски заклучоци и имиња на земјите кои ги поддржуваат, наместо, како што беше лани, воопшто да нема никакви заклучоци, брифираат дипломатите во Брисел за МИА.

Несогласувања има околу Турција и Босна и Херцеговина исто така, не само околу С.Македонија. Што се однесува до македонско-бугарскиот спор, Софија на состанокот минатата недела инсистирала дека Северна Македонија “не ги исполнува критериумите за отпочнување на преговорите“, став кој не добил поддршка од другите 26 земји членки, ниту од Европската Комисија. Опцијата за одвојување на Албанија од Северна Македонија “доби малку, односно никаква поддршка“, вели висок дипломат на ЕУ за МИА.

Бугарија се буни за повеќе формалности во заклучоците за Северна Македонија, како што дознава МИА од дипломатите присутни на разговорите на амбасадорско ниво. Една точка проблематична за Бугарија е употребата на долгото име, Република Северна Македонија, на која инсистира Софија.

Нацрт заклучоците на словенечкото претседателство го користат долгото име на сите земји од проширувањето во воведниот дел, потоа во остатокот од текстот се користи краткото име за сите (Северна Македонија, Србија, Албанија, итн.). Софија сака секаде да стои долгото име за Северна Македонија, што е исто така неприфатливо за мнозинството земји членки.

Се очекува краен компромис да биде употребата на долгото име за сите земји и во целиот текст, но не само за Северна Македонија, велат дипломатите. Крупно барање на Бугарија е да се вметне повторно реченицата за почитувањето на Договорот за пријателство како експлицитен дел од процесот на проширување за Северна Македонија.

Иако билатералните договори се секогаш споменати во овие заклучоци, за мнозинството земји членки на ЕУ е неприфатливо тоа да биде вклучено како специфичен дел во преговорите за С.Македонија бидејќи е голем ризикот со тоа да се создаде преседан и да се билатерализира целиот процес на проширување, што е спротивно на духот на новата методологија за претпристапни преговори на ЕУ, објаснуваат за МИА дипломатите во Брисел.

Софија има проблем и со временската одредница која е вклучена во нацрт заклучоците. Имено словенечкото претседателство смета дека во заклучоците треба да стои дека преговорите со Северна Македонија и Албанија “оваа година“. Разговорите сега се водат на повисоко ниво и утре министрите за европски прашања ќе разговараат на темата со цел постигнување компромис за конечните заклучоци пред самитот на ЕУ кој ќе се одржи в четврток и петок.

Доколку повторно нема заклучоци и словенечкото претседателство одлучи да поднесе само свои заклучоци со поддршка на поединечни земји, Бугарија би можела да биде изолирана ако сите други 26 земји членки на ЕУ се потпишат на заклучоците на претседателството. Разговорите на линија Софија – Скопје –  Брисел продолжуваат и денеска и не се исклучува нов нацрт заклучоци до крајот на денот, велат дипломатите кои во голем дел не губат целосно надеж да се изнајде решение во последен момент за компромис и отпочнување на преговорите со Скопје и Тирана пред 31 декември.

 

 

 

 

Албанија ЕУ дипломати Нема поддршка Одвојување С. Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.