Меркел: Првите поглавја со С. Македонија и со Албанија ќе бидат отворени оваа година

Приоритети за време на германското претседателство со Европската Унија (ЕУ) во наредните шест месеци, според неа ќе бидат Западниот Балкан, Африка, борбата против дезинформациите, миграцијата, Русија и Кина

Грчко МНР со честитки до С. Македонија: Добредојде во НАТО семејството

Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот налог на Твитер, упати честитки за македонското членство во НАТО, додавајќи дека очекува конструктивна соработка. „Честитки до Република...

Димковски: Во понеделник одговор на косовската забрана за увоз на македонски компир и мед

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство најави средба со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на која ќе бидат прецизирани наредните чекори. На косовските пазари годишно се извезуваат од 40 до 1.000 тони компири, а извозот на мед е во вредонст од околу 400.000 евра годишно

Кадетско СП во ракомет: Македонија се одмазди на Аргентина во меч за 13. место

Македонската кадетска ракометна селекција го освои 13. место на осмото Светско првенство во Скопје. Во последниот настап на турнирот, „црвено-жолтите“ ја совладаа Аргентина со 29:26 (полувреме:...

Осминафинале на кадетското СП во ракомет: Португалија ја елиминира С. Македонија

Селекцијата од Пиринеите го порази мундијалскиот домаќин со 29:25 (полувреме 15:12) за шеста победа во шестиот нејзин настап на турнирот и заслужена пресметка со Франција со четврт-финалето. „Црвено-жолтите“, пак, ќе разигруваат за пласман од деветтото до 16. место и досега имаат две победи (над Нигерија и над Бахреин) и четири порази (од Аргентина, од Данска, од Јапонија и од Португалија)

Брестовац по вториот пораз на кадетското СП во ракомет: Ни фалеше расположен голман

Данска славеше над С. Македонија со 29:26 (полувреме 13:11) и по четврти пат ја потврди фаворитската улога во групата Ц на шампионатот во Скопје. Листата на стрелци во македонската репрезентација ја предводеше Мартин Серафимов со девет гола пред Ненад Костески кој постигна шест. Последен ривал во групната фаза на турнирот за македонските ракометари е Јапонија (понеделник, 20.30 ч.)

Победа во грч и против Бахреин: С. Македонија во осминафинале на ракометното СП за кадети

Во натпревар од третото коло во групата Ц совладан е Бахреин со 27:25 (полувреме: 12:9) по кој селекторот Данило Брестовац истакна дека е присутен напредок меѓутоа, истовремено, нагласи дека тимот што го предводи е далеку од максимум на капацитетот. Следува ден одмор за македонските кадети кои во недела (20.30 ч.) ќе играат против Данска, единствениот европски ривал во групата Ц до чиј крај потоа ќе преостане и пресметката со Јапонија

СП во ракомет (У19): С. Македонија почна со пораз од Аргентина

Македонските репрезентативци одиграа две различни полувремиња во СЦ „Борис Трајковски“. Го добија првото со четири разлика (13:9), но паднаа во второто во кое постигна само седум гола, а примија двојно повеќе за конечни 20:23. Следува ден одмор во групата Ц, а наредниот натпревар за избраниците на Данило Брестовац е во четврток против Нигерија

Србија го ратификува договорот со С. Македонија за заедничка контрола на Прешево-Табановце

Српскиот Парламент доцна синоќа го усвои Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Србија и Владата на Северна Македонија за воспоставување заедничка контрола на граничниот...

Почнуваат и завршуваат дома: Македонските кошаркари против Русија, Италија и Естонија кон ЕП 2021

Квалификациите почнуваат во февруари во 2020 година, првиот меч со Естонците на домашен терен, последниот со Италијанците кои заедно со Германија, Чешка и Грузија се коорганизатори на завршниот турнир