Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собраниска расправа: Во Буџетот ќе има пари за закрепнување на компаниите и за поддршка на евроинтеграциите

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 15, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 15, 2021 12:37

Собранието денеска ја продолжи расправата за дополнетниот Предлог-буџет за 2022 година, кој е проектиран на 4,4 милијарди евра.

За власта, Предлог-буџетот има силна развојна компонента и е во насока на подобрување на секојдневното живеење на граѓаните во услови на здравствена и енергетска криза, додека опозицијата смета дека се работи за мегаломански буџет во кој фиктивно се предвидени голем број капитални инвестиции.

– Овој буџет е добар, не е идеален и токму затоа се прифатени голем број од амандманите од опозицијата. Тоа укажува на транспарентноста и инклузивноста при носењето на буџетот. Со Буџетот даваме силна поддршка на сите граѓани, поддршка на забрзаниот економски раст, успешното закрепнување на компаниите, сериозна поддршка на евроинтеграциите, ги зголемуваме платите и ја правиме поефикасна администрацијата, рече Дарко Каевски од СДСМ.

Според Љупчо Пренџов од ГРОМ, земјава е на дното во регионот по стапката на инфлација, странските инвестиции и невработеноста. Во 2020 година, како што посочи, државата исплатила 145 милиони евра за камати за јавен долг.

– Македонија јавниот долг го зголемила за 17 проценти, Словенија за 9,7 проценти, Хрватска за 13 проценти, Албанија за 8,3 проценти и Косово за 6,3 проценти. Како држава во овие кризи најмногу сме задолжиле, рече Пренџов.

Забележа дека во Предлог-буџетот зголемени се средствата во ставките договорни услуги, договори на дело и разни трасфери, додека намалување има во средствата наменети за привлекување странски инвестиции, а за аерозагадување нема предвидено пари.

Расправата за Предлог-буџетот продолжува по редовната едночасовна пауза во 15:30 часот.

По десетдневната расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет, Предлог-буџетот беше вратен во Владата која прифати 23 амандмани во вкупна вредност од околу 382 милиони денари и како дополнет Предлог-буџет повторно беше вратен во Собранието на усвојување.

Вкупните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се планираат на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот е проектиран на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП. Капиталните инвестиции се повисоки од буџетскиот дефицит и изнесуваат 37,8 милијарди денари, што е за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година. Запазено е т.н. златно правило во финансиите, односно буџетскиот дефицит е помал од капиталните расходи.

Главните цели на Предлог-буџетот се продолжување на грижата за заштита на јавното здравје на населението, економско заздравување, непречено функционирање на основните функции на државата,  забрзување на растот, зголемување на инвестициите при спроведување на фискална консолидација и поддршка за реформските процеси во правосудството и евроинтеграциските процеси.

буџет расправа Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.