Пратениците во Парламентот на Гана физички се пресметаа додека дебатираа за Предлог-законот за данок на електронските трансакции. Данокот од 1,75 отсто, кој би вклучувал давачки за електронските плаќања, наиде на силен отпор од опозицијата, откако првпат беше предложен во минатиот месец и го запре усвојувањето на националниот буџет.
https://www.youtube.com/watch?v=UY7N7Rj8bhM
Физичката пресметка помеѓу пратениците почна кога заменик-претседателот на парламентот, Џозеф Осеи-Овусу предложи за данокот да се дискутира и гласа по итна постапка.
Министерот за финансии Кен Офори-Арта тврди дека новата давачка ќе ја прошири даночната мрежа и ќе собере дополнителни 1,15 милијарди долари во 2022 година. Сепак, неговиот предлог наиде на негодување и потсмев во Парламентот кога првпат беше објавен.
Поддржувачите на предложениот даночен закон тврдат дека тој несразмерно ќе ги погоди луѓето со пониски приходи и оние надвор од формалниот банкарски систем, кои во голема мера се потпираат на трансфери на пари преку мобилен телефон.