НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери на брифинг со новинарите: Собранието не бега од расправа за секое решение со Бугарија

0
By Sashko on December 23, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку формално биде предложено за секое решение со Бугарија да расправа Собранието, Парламентот нема да бега од тоа, особено ако решението е во полза на граѓаните и на државата, изјави на денешниот брифинг со новинарите собранискиот претседател Талат Џафери.

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров на седницата на Националниот совет за евроинтеграции што се одржа во вторникот рече дека секое решение до кое би дошле Северна Македонија и Бугарија, а кое би овозможило кревање на бугарското вето за почеток на преговори на земјава со ЕУ, би требало да дојде пред пратениците во Собранието, на што се согласија пратениците и од опозицијата и од власта.

Џафери појасни дека во нашиот систем за надворешните односи и надворешната политика е надлежна извршната власт, а Собранието си го направи своето со резолуцијата за црвените линии во преговорите, но нема да бега од тоа доколку дојде формален предлог секое решение со Бугарија да помине во Собранието.

Џафери, во врска со тоа кога би се нашле на дневен ред на собраниска седница договорите од „Отворен Балкан“ што беа потпишани во вторникот во Тирана, а треба да се ратификуваат во парламентите во сите три земји, рече дека ако имаат карактер на меѓународни договори ќе треба да се достават до Собранието за ратификација.

Обично по тие прашања немало проблем во процедурата во Собранието, во смисла донесување на време. Во секој момент кога и да се достават, по доставување на материјалите на наредна седница ќе бидат предмет на разгледување и тука нема спор во процедурата и во надлежностите на Собранието, посочи Џафери.

Тој е задоволен од работата на Собранието во изминатава година, со оглед на ситуацијата со коронавирусот и локалните избори.

Ќе биде ажурирана анализата на овој мандат, одржани седници, предвидени точки, минати точки и заостанати точки и зошто се заостанати тие точки. Нема причина да не бидам задоволен од работата на Собранието, ако, на пример, оваа година, и покрај сите овие работи, имало 123 дена работни на седници. Организациски земете во просек кој било Парламент колку работни денови има во текот на една календарска година и да се направи споредба, истакна Џафери на брифингот со новинарите.

Годинава во Собранието имало 60 координации, 123 седници, девет претседателства, 152 други активности, по 63 билатерални и мултилатерални активности, итн.

Во однос на Комисијата за избори и именувања, која треба да предложи уставни судии, Џафери рече дека тој може да свика седница за избор на уставни судии, но тоа би било залудно, бидејќи членовите на Комисијата за избори и именувања не дале предлози.

„На секоја координација укажувам дека тоа треба да се заврши. Процедурата е таа, тие не избираат, тие предлагаат. Ако нема претседател, тоа не значи дека Комисијата не може да работи. Тие треба да излезат со предлози за кандидати, рече Џафери на денешниот брифинг со новинарите, последен за оваа година.

брифинг Македонија новинари претседател Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.