Алијанса за Албанците по денешното одржување на Централното собрание на партијата на кое беа разгледани резултатите од неодамнешните локални избори, ја донесе одлуката вториот Конгрес на партијата да го одрж на 27.03.2022 година. Лидерот на партијата Села рече дека тој останува да ја води Алијанса за Албанците до Конгресот.
Села ја искористи приликата па до новиот претседател на СДСМ, Ковачевски и до лидерот на ДУИ, Ахмети упати пораки дека ниту едниот ниту другиот немале легитимитет за формирање нова Влада.
„ Ковачевски не може да има никаков легитимитет, бидејќи токму Зоран Заев победи на изборите со ветувањата и програмите што ги даде. Легитимитет немаат ниту Али Ахмети и ДУИ кои изборите ги добија во 2020 година со едно ветување – за премиер Албанец за четири години“ рече Села.