Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИНТЕРВЈУ СО Д-Р МАРГАРИТА ПЕНЕВА: Внимавајте, инвалидитетот од петарди предизвикува и психичка траума кај децата

0
By НОВА ТВ Balaban on December 28, 2021 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 28, 2021 16:10

Драматичен е и моментот на самата повреда. При потешките повреди постои значајна крвозагуба, болка, пациентите се во шокова состојба која некогаш може да биде опасна и по нивниот живот. Неретко повредите се комбинирани.  Може да постои повреда на шаката со губиток на целата шака или губиток на дел од шаката со повеќе прсти, но и оштетување на видот со делумно или целосно слепило, вели д-р Маргарита Пенева, субспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија 

Бројот на индивидуи повредени од петарди и други пиротехнички средства значително е намален, ако се направи споредба со периодот пред 10-ина и повеќе години. За тоа, секако, придонесуваат постојаните апели и континуираните кампањи спроведувани од страна на Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи. А опасноста од петарди е голема – физичкиот инвалидитет предизвикува психичка траума и сето заедно во значителна мерка го менува животот на детето, но и животот на целото семејство. Ова треба да го имаат на ум возрасните и тие треба да ги заштитат децата!, вели во интервјуто за НОВА ТВ д-р Маргарита Пенева, субспецијалист по пластична и реконструктивна хирургија на  Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје. Најмалиот пациент кој се повредил од петарда и побарал лекарска помош имал само пет години.

Предновогодишната атмосфера е речиси во полн ек, па сѐ почесто под прозорците на становите може да се чуе пукањето петарди… За тоа како од навидум „играчка се случува плачка“, кои сѐ опасности носи пукањето петарди,  како и за тоа колку возрасните мора да бидат претпазливи кога (не)случајно токму тие им ги купуваат овие и други пиротехнички средства на своите деца, предупредува д-р Пенева и додава дека дури откако ќе настане повредата родителите стануваат свесни за нејзиното значење и колку таа ќе го смени животот на детето.

Секоја година има апели за да не се пукаат петарди. Вродуваат ли со плод апелите и кампањата што ја води МВР и други институции? Имаат ли хирурзите од Универзитетската Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија помалку или повеќе работа од повредени од петарди?

– Една од активностите во рамките на кампањата на Министерството за здравство, е спроведена во соработка со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија и се состои во организирање на едукативни предавања по училиштата. Предавањата имаат за цел да укажат на ризикот од употреба на петарди и други пиротехнички средства и можните последици од повреда.

Секако, целиот овој процес не би можел да се заокружи без поддршката од медиумите. Огромна е улогата која вие како медиуми ја имате пренесувајќи ги постојаните апели и организирајќи емисии и објавувајќи текстови со цел подигнување на свесноста кај населението за сериозноста на проблемот.

За среќа, преземените акции имаат позитивен резултат. Тоа секако се забележува по бројот на пациенти повредени со вакви експлозивни направи чиј број низ годините постојано се намалува. Така, оваа година, до моментот на ова интервју, на Универзитетската клиниката за пластична и реконструктивна хирургија нема хоспитализирано пациент повреден со петарди или други пиротехнички средства, вели д-р Пенева.

Што треба секое дете и возрасен да знае пред да испука прва, втора…. петарда ?

– Неовластена употреба на петарди, ракети и други пиротехничките средства е забранета и подлегнува на казни. Мало невнимание при нивната употреба може да заврши и со сериозни повреди на телото кои значително го нарушуваат и менуваат квалитетот на животот.

Колку се сериозни повредите од овие распрскувачки материјали? Може ли некој на којшто ќе му експлодира петарда во рака да остане без дланка, прсти?

– Повредите кои може да настанат со употребата на петарди и останатите пиротехничките материјали се најразлични. Тие може да бидат најобични, мали повреди, мали изгореници, гребнатини или посекотини кои честопати и не бараат лекарска интервенција. Но, тие можат да бидат и многу сериозни  повреди кои можат да ја инвалидизираат во различен степен индивидуата и значително да го сменат нејзиниот живот. Токму во оваа група на повреди припаѓаат повредите при кои постои губиток на прст, губиток на повеќе прсти, па дури и цела шака. Состојбата е дотолку полоша доколку станува збор за повреда на доминантна шака. Некогаш може да бидат повредени дури и двете шаки. Така од една целосно здрава и независна индивидува, станува инвалидизирана индивидуа, која има потреба од помош при извршување на секојдневни физиолошки активности.

При ракување со пиротехнички средства неретко може да настанат сериозни повреди и на лицевата регија, повреда на очите и слухот. Пациентот може да се здобие со лузни кои го нагрдуваат неговиот изглед, може во различен степен да биде оштетен видот, па дури и изгубен, а истото може да се случи и со слухот.

Колку случаи има годишно со фатални, сериозни повреди од петарди? 

– Најголем дел од хоспитализираните пациенти се под 18 годишна возраст. Главно, станува збор за машки деца, многу често, во предучилишна и рана училишна возраст. Контактот со пиротехничките средства најчесто им го овозможиле родителите кои дури откако ќе настане повредата стануваат свесни за нејзиното значење и колку таа ќе го смени животот на детето. Освен на Клиниката за пластична хирургија, помладите пациенти се згрижуваат и на Клиниката за детска хирургија.

Драматичен е и моментот на самата повреда. При потешките повреди постои значајна крвозагуба, болка, пациентите се во шокова состојба која некогаш може да биде опасна и по нивниот живот. Неретко повредите се комбинирани.  Може да постои повреда на шаката со губиток на целата  шака или губиток на дел од шаката со повеќе прсти, но и оштетување на видот со делумно или целосно слепило.

Детето се стекнува со физички инвалидитет, станува позависно од околина, се менува неговиот начин на живот, се менуваат можностите за избор на професијата. Физичкиот инвалидитет предизвикува психичката траума и сето заедно во значителна мерка го менува неговиот животот, но и животот на целото семејство. Ова треба да го имаат на ум возрасните и тие треба да ги заштитат децата! Токму затоа огромно е значењето на кампањите за подигнување на свеста за опасноста од употреба на петарди и други пиротехничките материјали, како што е и овој текст.

Може ли и прскалка да биде опасна ?

– Секако, доколку со прскалката невнимателно се манипулира може да настанат изгореници во предел на шаките или во предел на лицевата регија и очите со оштетување на видот.

Со колку дежурни екипи Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија ќе работи во Новогодишната ноќ? Дали досега сте имале повредени од петарди и во највеселата ноќ ?

– На Универзитетската клиниката за пластична и реконструктивна хирургија секојденевно има дежурна екипа која се справува со повреди од најразличен вид вклучително и повреди од петарди. Таква екипа ќе има и на новогодишната ноќ, кога, вообичаено, се очекува зголемена инциденца на повреди, иако, морам да нагласам, дека и честотата на повреди во текот на новогодишната ноќ последниве  години е намалена. Да се надеваме дека оваа новогодишна ноќ ќе биде мирна за граѓаните на Република Северна Македонија, но и за дежурната екипа на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Среќна Нова година!, посакува д-р Пенева.

Љубица Балабан

интервју Маргарита Пенева петарди повредени Универзитетската Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.