НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европска централна банка: Еврото го воведовме пред 20 години, денес го користат повеќе од 340 милиони луѓе

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Замислено во 1970-тите со намера да ги олесни трговските трансакции и да се натпреварува со доларот, еврото физички влезе на пазарот на 1 јануари 2002 година, кога првите 12 земји од ЕУ кои почнаа да го користат мораа да ја напуштат сопствената валута.

Пред 20 години почнаа да се користат банкнотите и монетите на еврото.

Пред 20 години, луѓето во еврозоната за првпат држеа евро банкноти и монети во своите раце. Оттогаш, еврото стана дел од нашиот идентитет и култура. Тоа гради мостови меѓу Европејците, напиша денеска Европската централна банка (ЕЦБ) на својот портал.

Вкупно 12 земји од ЕУ го усвоија еврото како своја валута на 1 јануари 2002 година, а денес го користат повеќе од 340 милиони луѓе во 19 земји на ЕУ, објави ЕЦБ.

– Еврото стана столб на стабилноста и еднаквоста ширум светот, благодарение на вас. Стотици милиони Европејци веруваа во него, му даваа сила, доверба и го користеа секој ден, рече во видео пораката по повод 20 годишнина од еврото директорката на Европската централна банка Кристин Лагард.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека еврото е конкретен симбол на европскиот успех, како една „сигурна, динамична и солидна валута“.

Замислено во 1970-тите со намера да ги олесни трговските трансакции и да се натпреварува со доларот, еврото физички влезе на пазарот на 1 јануари 2002 година, кога првите 12 земји од ЕУ кои почнаа да го користат мораа да ја напуштат сопствената валута.

Покрај сегашните 19 земји кои го користат еврото, во наредните години треба да се приклучат и Бугарија, Хрватска и Романија.

Еврото падна на второто место на најбезбедни валути по доларот. Сега претставува 20 отсто од светските девизни резерви наспроти 60 отсто за доларот.

Некои политичари, како десничарите Марин Ле Пен или Матео Салвини, дури се залагаа нивните земји да го напуштат еврото, но подоцна се откажаа од тоа.

евро Европска банка Јубилеј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.