Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Тајван, потресувајќи згради во главниот град Тајпеј и северниот дел на островот. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 27,7 километри во океанот, источно од градот Хуалиен, на источниот брег од островот.
https://www.youtube.com/watch?v=9ZAc1YItTWs
Во Тајпеј се тресеа деловните згради, се нишаа светилките, а од ѕидовите паѓале слики.
https://www.youtube.com/watch?v=wgJGMFdv3WQ
Американскиот институт соопшти дека економските загуби од земјотресот се очекува да бидат мали, иако тој бил силен.