Во СВР Битола вчера во 14 часот било пријавено дека патничкиот воз кој сообраќал на релација Битола – Скопје, на потегот помеѓу станиците Браилово и Слепче, прегазил маж кој лежел на пругата.
Лицето починало на местото на несреќата, а по извршениот увид било констатирано дека станува збор за М.Д. (44) од Република Албанија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.