Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Токаев на состанокот на ЦСТО: Редот во Казахстан е повторно воспоставен

0
By Sashko on January 10, 2022 ВЕСТИ
Фото: eurasianet.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 10, 2022 16:17

Повторно е воспоставен ред во Казахстан, изјави денеска претседателот Касим-Жомарт Токаев на состанокот на безбедносниот сојуз предводен од Русија по неколкудневните насилни немири во кои загинаа над 160 луѓе, а илјадници беа приведени.

Редот во Казахстан е целосно воспоставен. Заканите за безбедноста на земјата се избегнати, истакна Токаев на видео состанокот на Организацијата на Договорот за заедничка безбедност (ЦСТО), асоцијациите на Русија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.

ЦСТО, како и НАТО, има член во договорот кој предвидува дека напад врз една членка е напад врз сите членки.

Токаев нагласи дека наскоро ќе заврши антитерористичката операција, додавајќи дека имало „обид за државен удар“ со планирани и координирани напади врз регионалните владини центри, безбедносните сили и затворите.

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на ЦСТО изјави дека немирите не се предизвикани од незадоволство од цените на горивото, туку од „деструктивни сили однадвор кои ја искористуваат ситуацијата“.

Казахстан, земја која граничи со Русија и со Кина, веќе една недела е погодена од немири по одржување на антивладините протести поради поскапување на горивото.

Покрај мирните протести, имаше и насилни собири, особено во најголемиот град Алмати.

Токаев прогласи вонредна состојба, ја распушти владата и ѝ нареди на армијата да употреби оружје врз демонстрантите без предупредување, пренесува агенцијата ДПА.
Во немирите загинаа повеќе од 160 лица, повредени се над 2.000 луѓе, а речиси 8.000 се приведени. Во Казахстан денеска е прогласен ден на жалост.
Казахстан Касим-Жомарт Токаев Ред Свет ЦСТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.