НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американец стана прв човек во светот на кој му е трансплантирано срце од генетски модифицирана свиња

0
By Mirjana on January 11, 2022 ЗДРАВСТВО, НАСЛОВНА, СВЕТ
Photo: BBC
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дејвид Бенет (57) се чувствува добро по експерименталната операција во Балтимор, која траела седум часа, информира Би-би-си известувајќи за првиот човек воопшто во чии гради почна да чука срце од генетски модифицирана свиња. Овој зафат бил последна надеж за спас на животот на Бенет а не се знае ни како ни колку ќе трае во периодот по трансплантацијата.

Докторите во медицинскиот центар при Универзитетот на Мериленд добиле дозвола од регулаторните тела да ја направат операцијата бидејќи Бенет немал друга опција а поради лошото здравје тој не можел да биде ставен на листата за трансплантација на срце од починат донор.

University of Maryland Medical Center

Проценките се дека 17 луѓе дневно умираат во САД чекајќи срце од донор, но ако срцата од генетски модифицирана свиња добро се вклопуваат во човек и човековиот организам ги прифаќа тогаш новата процедура би можела да ја смени оваа слика а со тоа да се зголемат шансите за преживување на пациентите.

Претходно беа трансплантирани други органи на луѓе од генетски модифицирани свињи. Во октомври минатата година хирурзи во Њујорк успешно трансплантираа бубрег од свиња на човек, но на пациентот му била прогласена мозочна смрт и немал шанси за преживување и покрај операцијата.

Но, Бенет се надева дека неговото ново срце ќе му овозможи да го продолжи животот. Тој преживувал со машина и бил во болница 6 недели пред операцијата откако му била дијагностицирана терминална срцева болест.

Свињата која била искористена за трансплантацијата била генетски модифицирана за да нема повеќе гени кои би довеле до отфрлање на срцето од телото на Бенет.

АМЕРИКАНЕЦ ПРВ ЧОВЕК СО СРЦЕ ОД ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНА СВИЊА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.