Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Повикувам на вакцинација, но не сум за решенија со притисок

0
By Sashko on January 12, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 12, 2022 20:50

Претседателот на СДСМ и мандатор за состав на новиот владин кабинет Димитар Ковачевски ги повика граѓаните да се вакцинираат, бидејќи како што рече, на тој начин си помагаат на себе, но и на сите други особено на здравствениот персонал, како и на економијата во целост. Сепак, напомена дека тој не е за решенија со притисок, бидејќи смета дека треба и јавното мислење да се почитува.

Јас би сакал да ги поттикнам граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцинацијата штити симптомите од вирусот да бидат на пониско ниво. На тој начин тие не си помагаат само на себе, туку помагаат на сите други особено на здравствениот персонал, кој што нема да биде толку оптеретен, меѓутоа и на економијата во целост, бидејќи ако сакаме да ни функционира економијата без рестриктивни мерки, без затворање на производствени капацитети, треба секој до нас да биде свесен дека преку вакцинирање треба тоа со личен пример да го помогне, рече Ковачевски во гостувањето во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Напомена дека не прифаќа решенија со притисок, бидејќи смета дека треба и јавното мислење да се почитува, но како што рече, треба да се има свесност дека преку вакцинирањето имаме поблаги симптоми во однос на делта и омикрон сојот.

Во однос на министерот за здравство Венко Филипче кој си заминува од функцијата, Ковачевски рече дека тој одиграл голема улога во оваа криза и оти многу трезвено, концентрирано и смирено го водел Министерството за здравство.

Морам да оддадам почит на сите вработени во здравствениот систем на државата, за пожртвуваната 24 часовна работа во изминатите две години. Две години системот работи во услови на пандемија, за таа цел и државата издвојуваше средства како за зголемување на плати, така и за зголемување на капацитетите на здравствениот систем, рече Ковачевски.

Тој додаде дека разговарал со Филипче за кој како што рече, е целосно на располагање на Министерството за здравство, но и на новиот министер.

„Со Филипче разговаравме, тој е целосно на располагање на Министерството, бидејќи е свесен човек, а исто така ќе биде на располагање и на новиот министер за здравство. Секој совет е добредојден особено од некој кој поминал две години во услови на пандемија. Имам високо мислење и за др Беким Салиу како човек кој може да се носи со оваа проблематика, но и како одговорен да прими совет од оние кои го имаат искуството“, додаде Ковачевски.

вакцинација Димитар Ковачевски Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.