НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мијалков и тројца адвокати заразени со ковид-19, се одложи судењето за „Плацеви на Водно„

0
By НОВА ТВ Balaban on January 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Сашо Мијалков, еден од обвинетите во судскиот предмет „Плацеви на Водно“ кој бил заболен од коронавирус, денеска не дојде на рочиштето кое се одложи поради отсуство и на тројца адвокати кои, исто така, биле заразени со ковид-19.
Само бизнисменот Јордан Камчев се појави во судницата на рочиштето за овој предмет, а ова е негово прво појавување во јавноста, откако тој и Мијалков беа ослободени од притвор пред Нова година.
Според известување од адвокатите на Мијалков, тој од 10 јануари е во изолација, мерка изречена од ДЗСИ.

Освен Мијалков, инфекција со ковид-19 пријавиле и тројца адвокати: Петар Василев, адвокатот на Мијалков, Гордана Нацева (адвокатка на Ненад Јосифовиќ) и бранителот на Камчев, адвокатот Гоце Ристевски.

Другите обвинети, освен Никола Груевски кому му се суди во отсуство, беа дојдени на рочиштето на кое требаше да сведочат Дејан Митревски – Урко и поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски кој беше присутен во судницата.

Обвинението кое го застапува обвинителката за гонење организиран криминал и корупција Лиле Стефанова се однесува за наводни злоупотреби со земјиште кое го купил поранешниот премиер Никола Груевски на Водно за околу 1,3 милиони евра, пари за кои е обвинет дека ги зел од членарините и донациите на ВМРО-ДПМНЕ. Освен имотот на Водно, обвинението опфаќа и два стана во главниот град и две парцели во Крушево.

На првообвинетиот Груевски му се суди за делата перење пари и противправно стекнување и прикривање имот, а на бизнисменот Јордан Камчев, неговата мајка, како и на Новачевски и Јосифовиќ за перење пари. Мијалков е обвинет за помагање во делото перење пари.

Рочиштето за „Плацеви на Водно“ се одложува за 24-ти јануари годинава.

(С.М.)
Никола Груевски Плацеви на Водно Сашо Мијалков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.