НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Со Петков ќе разговараме за иднината, историјата да им ја оставиме на историчарите

0
By Biljana on January 17, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Справувањето со енергетската и здравствената криза и подобрување на животниот стандард на граѓаните ќе биде фокусот на новата Влада предводена од мандатарот Димитар Ковачевски.

Ковачевски претпладнево новиот владин кабинет го претстави пред претседателот на државата Стево Пендаровски во Вила Водно.

По средбата премиерот Ковечевски зборуваше за трите приоритети на Владата, меѓу рече оти силен фокус ќе биде ставен на евроинтегративниот процес.

„Клучен прв приоритет е справување со енергетската криза, која што е светска криза, но се чувствува и во Северна Македонија. Втор приоритет е задржување и подобрување на животниот стандард на граѓаните и поддршка на компаниите во светло на економската криза која произлегува од енергетската криза. Трето е исполнување на целите во однос на големите инфраструктурни проекти кои што се веќе одобрени во буџетот за 2022 година“, рече Ковачевски додавајќи дека евроинтеграциите како стратешка цел остануваат меѓу врвните приоритети.

Тој најави соработка со граѓанските здруженија и со опозицијата.

Прашан со какви позиции ќе настапи на утрешната посета со неговиот бугарски колега Кирил Петков, Ковачевски вели дека ќе се разговара за проекти кои значат подобар живот за граѓаните на двете држави.

„Доминантно утре ќе зборуваме на теми од областа на економијата, од областа на инфраструктурата, образованието, иновациите, поддршката на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, се она што ќе значи зголемена размена на трговија, зголемена размена на идеи. И ќе успееме да го поставиме дијалогот на едно ниво кое гледа кон иднината. Во однос на историските прашања, јас од секогаш сум кажувал дека тие треба да бидат дел од дебатата на историчарите, а дека довербата помеѓу граѓаните треба да се гради на позиции коишто  значат подобар стандард за нив и како да дојдеме до тоа“, рече Ковачевски посочувајќи дека позициите на Владата се кристално јасни дека во Северна Македонија живеат граѓани кои зборуваат македонски јазик и имаат свој засебен идентитет.

Во однос на малцинските права, тој го повтори ставот на Владата дека Северна Македонија нема да се меша во внатрешните прашања на своите соседи.

„Ние имаме различно уредување од Бугарија. Колективните права кај нив се обезбедуваат поединечно, кај нас со оглед на мултиетничкиот карактер на нашата држава, колективните права се остваруваат колективно и почитувајќи ги сите меѓународни договори, сите граѓани можат своите права да ги остваруваат во рамки на Судот за човекови права во Стразбур“, рече Ковачевски.

(Б.Б.)

Влада Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.