Дваесет и девет лица, меѓи кои и шест деца, се повредени во сообраќајна несреќа на косовски автобус во Бугарија кој се судрил со камион кој превезувал фрва во Ќустендил, пренесе „Клан Косова“.
Според приштинските медиуми, несреќата се случила околу 4:30 часот.
Возачот на камионот, наводно, се обидел да укаже на другите учесници во сообраќајот дека паднало дрво на патот, но автобусот удрил во камионот и излетал од патот.
Возачот на автобусот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во локалната болница. Увид на лице место извршила полиција, а поради сообраќајната незгода е поведена постапка и за истата е известен обвинител.