Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски – Абдрахманов: Унапредување на човековите права и правата на немнозинските заедници

0
By Biljana on January 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 20, 2022 12:41

Претседателот Пендаровски на средбата ја истакнал долгогодишната соработка со ОБСЕ и поддршката во унапредување на демократските реформи, што е од големо значење во контекст на аспирациите на државата за членство во Европската Унија.

„Република Северна Македонија е позитивен пример на функционална мултиетничка демократија во однос на почитувањето и унапредувањето на правата на различните заедници, како и во пристапот на градење толеранција и доверба, во согласност со вредностите и заложбите на ОБСЕ“, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Каират Абдрахманов. На средбата биле разменети мислења за севкупните активности на ОБСЕ во земјава во контекст на заштитата на правата на различните заедници, како и соработката на државните институции со меѓународните организации и граѓанскиот сектор по овие прашања.

„Претседателот додаде дека во земјава има значителен исчекор во унапредување на јазичните права на немнозинските заедници, а во однос на родовите прашања има повеќе програми на кои активно се работи, во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки и нивното влијание на родовата еднаквост во земјава“, информираат од Кабинетот.

На средбата биле разменети мислења за тековните подготовки за претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. Пендаровски истакнал дека земјава планира да ги промовира приоритетите кои се од заеднички интерес, одразувајќи ја визијата на земјите-членки на ОБСЕ, водена од принципите на оваа организација.

„Во таа насока, Северна Македонија ќе има блиска соработка и со Високиот комесар за национални малцинства, работејќи на унапредувањето на човековите права и правата на немнозинските заедници“, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

 

ОБСЕ Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.