НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството поднело обвиненија против 112 лица поради трговија со луѓе и деца

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески заедно со Бодан Лазаревски и Џељаљ Бајрами, јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, денеска примија во посета група студенти од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД.

Посетителите на одделот за човекови права од Генерацијата 2021-2022 година на реномираниот американски универзитет се интересираа за институционалната поставеност и кривично-правните норми во земјава кои ја санкционираат трговијата со луѓе.

Како еден од клучните предизвици за поефикасно санкционирање на трговијата со луѓе и другите сродни кривични дела, јавните обвинители го наведоа недостатокот на кадровски и материјални капацитети, што како проблем е нотирано и во последниот извештај на американскиот Стејт департмент за борбата против трговијата со луѓе во земјава за 2021 година.

Фактот што земјава се наоѓа на таканаречената „мигрантска рута“ кон Европската унија придонесува Јавното обвинителство секоја година да регистрира значителен број предмети кои се однесуваат на овој тип кривични дела. Во основа, станува збор за кривичните дела – трговија со луѓе, Трговија со малолетно лице, Криумчарење мигранти, Засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос, како и Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти.

Согласно податоците од Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства, во текот на 2020 година за кривичните дела од Глава 34 – Кривични дела против човечноста и меѓународното право вкупно е постапувано по кривични пријави против 118 лица, од кои новопријавени се 98 лица, поднесени се обвиненија против 112 лица и од страна на судовите биле донесени пресуди против 38 лица. За 65 лица донесени се пресуди врз основа на признание на вина. Сите овие постапки се однесуваат речиси во целост на кривичните дела поврзани со криумчарење мигранти и трговија со луѓе или деца.

 

​

„Џонс Хопкинс“ Љубомир Јовески студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.