НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советникот Јовановски го обвини директoрот Христовски дека лови вештерки во „Градски паркинг“

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На седницата на Советот на Град Скопје денес обраќање имаше советникот од Демократскиот сојуз Славчо Јовановски кој зборуваше за состојбите во Јавното претпријатие „Градски паркинг“ настанати по именувањето и разрешувањето на двајца директори во рок од еден месец.

– „Градски паркинг“ е претпријатие кое е единствено во градот што работи на пазарни основи, без дотации од Град Скопје или од Владата, претпријатие без загуби, претпријатие кое обезбедува нормално одвивање на сообраќајот, пристап до станбени објекти при пожар, безбедносни мерки при посета на странски делегации, спортски натпревари и слично. На 15 декември го разрешивте директорот (Борче Јакимовски) кој домаќински и без дамка го водеше претпријатието 12 години. Тој успеа да ја изменаџира и ковид кризата, без никакви субвенции и четири месеци прилив на средства блиску до нула, а притоа навремено да се исплати плата на вработените. На 31 декември назначивте директор (Филип Пасху) кој во меѓувреме го разрешивте и на 12 јануари именувавте нов ВД директор (Бојан Христовски), кој нема соодветно образование за таа позиција, вели Јовановски.

Според него последниот директор доаѓа и без консултации дава изјави за привилегии, за оправање на претпријатието и негово ставање на здрави нозе и слично.

– Не го обвинувам човекот за тоа, но сепак, пред да дава такви изјави барем да се консултираше со менаџерскиот тим, да се запознаеше со работата и проблемите на претпријатието. За жал, користи извори кои што се непроверени, а нивна цел е да се докопаат до некоја коска. Јавно претпријатие не се води како партиски штаб, во кабинетот на директорот со неговите послушници и со пласирање наредби по вертикала и хоризонтала, без некакво познавање на материјата. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во општина Аеродром, стопирана е работата на два нови паркинзи кои беа претходно отворени, информира Јовановски.

Mенаџирањето на јавното претпријатие треба да оди во насока на отворање на нови паркинг места и задржување на постојните, а не во лов на вештерки, подвлече на крајот од своето обраќање советникот Јовановски.

градски паркинг Демократски сојуз советник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.