Припадници на терористичката Исламска држава (ИД) нападнаа касарна во планинска област северно од Багдад при што убија 11 војници на спиење, соопштија ирачки безбедносни претставници.
Напаѓачите вчераутро околу 3 часот по локално време упаднале во касарна во округот Ал-Асим во провинцијата Бакуба и ги убиле војниците, изјавија двајца ирачки претставници за Асошиејтед прес.
Последниот напад врз ирачката војска на 120 километри северно од Багдад е еден од најсмртоносните во последните месеци.
Таканаречените „заспани ќелии“ на ИД и натаму изведуваат напади во Ирак, иако таа терористичка организација е официјално поразена во 2017 година.
Мета на милитантите од сунитската екстремистичка организација честопати се безбедносни сили, електрани и друга инфраструктура.