НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановска во интервју за НоваТВ: Проблемот со неказнивоста и задоцнетата правда е многу сериозен и е генератор на корупција

0
By Biljana on January 24, 2022 ИНТЕРВЈУ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Посериозен пристап кон посочените слабости и спроведување на активностите предвидени во Акцискиот план на Националната стратегија за борба против корупција“, очекува претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска од новоизбраниот владин состав. Во интервју за НоваТВ, Ивановска вели дека големиот број на пријави поднесени до ДКСК од граѓани незадоволни од судските одлуки, говори за незадоволството на граѓаните од работењето на судиите, кои според неа треба да бидат потранспарентни и поефикасни во работата. Во однос на случаите поврзани со високи функционери кои ги отвори Обвинителството, Ивановска смета дека во борбата против корупцијата има поместување од мртва точка, но не доволно.  „Проблемот со неказнивоста како и задоцнетата правда е многу сериозен и не само што ја попречува борбата против корупцијата, туку е генератор на корупција“, вели Ивановска за НоваТВ.

НоваТВ: Претседателке Ивановска, колку иницијативи до Јавното обвинителство има покренато актуелниот состав на ДКСК во изминатите три години,  дали за некоја од нив има позитивно решение од Обвинителството и уште колку од иницијативите се во постапка?

– Во досегашниот тригодишен период ДКСК поднесе 18 иницијативи до ЈО. Одговори имаме за шест. За еден предмет, ОЈО Скопје не извести дека е постапено по иницијативата на ДКСК, предметот бил во фаза на предистражна постапка и по истиот се постапува со активно преземање дејствија. Една иницијатива е отфрлена поради тоа што настапила смрт кај лицето против кого беше покрената иницијативата. За две иницијативи добиено е известување од ОЈО Скопје во кое се наведува дека иницијативите од ДКСК се доставени до ОЈО за ГОКК во кое веќе се водело постапка против наведените лица. Две иницијативи се отфрлени.

НоваТВ: Минатата година меѓу една од постапките која ја поднесовте, беше за отворање на предмет против Рашковски, односно укажување на потребата за покренување на уште едно дело против него, конкретно за автомобилот вреден 50.000 евра. Зошто сметате дека има основ за гонење? Колку брзо очекувате ЈО да го процесира овој предмет?

– По извршената проверка на имотната состојба на лицето Драги Рашковски покренавме иницијатива до ЈО поради сомневање за извршена злоупотреба на службената позиција за свој личен интерес. Имено, сопругата на Рашковски добила поклон автомобил од фирма, која до поранешниот генерален секретар на Владата доставила барање за спроведување постапка за склучување преддоговор со УЈП и Централен Регистер, во својство на корисници на државен имот во Гостивар, со цел пренесување на правото на градење и уредување на меѓусебните права и обврски. И покрај тоа што Министерството за транспорт и врски одговорило дека не се исполнети законските услови за пренесување на правото на градење, во неколку наврати на дневен ред на владина седница е ставена Информација со предлог преддоговор, по која се донесувани неколку заклучоци за овластување различни министри за потпишување на наведениот преддоговор. Непочитувањето на укажувањето дадено од Министерството за транспорт и врски создаде сомнеж кај ДКСК дека тогашниот генерален секретар тенденциозно, во повеќе наврати на дневен ред на владина седница, ја ставал Информацијата  заедно со преддоговорот се со цел остварување лична корист и корист за друго лице. Поради тоа доставивме иницијатива до ЈО да постапат во рамките на своите надлежности.

 НоваТВ: Добивте негативен одговор од Уставниот суд по вашата иницијатива со која го оспоривте специјалниот Закон поврзан со американско–турскиот конзорциум на кој му се дава можност без тендер да ги гради автопатите од Коридорите 8 и 10. Дали и покрај ваквата одлука на судот сметате, дека се остава простор за можни склучувања на договори со високи цени кои не се соодветни со реалната потреба на пазарот?

– Во Иницијативата што ја доставивме до Уставниот суд покрај неусогласеноста на Законот со Уставот ги наведовме и високите ризици корупција поради можноста од договарање во четири очи со изведувачот. Со неприфаќањето на нашата иницијатива овие ризици остануваат отворени. Имено, во Законот постојат правни празнини кои оставаат отворен простор за субјективизам, арбитрерност, политичко влијание, тргување со моќ и дискреција при конституирањето на Комитетот за преговори, и тоа на сметка на стручноста, компетентноста и професионализмот. Законот не е во согласност со начелото на законитост, според кое секој е должен во вршењето на функцијата, јавните овластувања и службената должност да постапува во согласност со Законите и Уставот и никој не смее да ја користи својата службена позиција за свој личен интерес или за интерес на некој друг. Законот не е во согласност ниту со начелото на еднаквост, според кое секој има право на еднаков пристап кон вршењето работи од јавен интерес и право на еднакво постапување од страна на носителите на власта, како и тоа дека секој има право на слободно настапување на пазарот и слободен натпревар, без страв дека може да биде жртва на монополското или дискриминаторско однесување. Всушност, Законот не е во согласност со начелата врз кои се темели борбата против корупцијата.

НоваТВ: Обвинителството покрена неколку случаи во кои се споменуваат звучни имиња на високи државни функционери, ќе ги споменам Драги Рашковски, Катица Јанева, но дали е ова доволно за борбата против корупцијата да мрдне од мртва точка и дали сметате дека имаме објективна, неселективна и беспоштедна борба без пардон кон никого?

– Секако дека не е доволно. Можеби е поместување од мртва точка, но доволно ќе биде кога многу побрзо ќе стасува правдата до сите прекршители на законот. Проблемот со неказнивоста како и задоцнетата правда е многу сериозен и не само што ја попречува борбата против корупцијата, туку е генератор на корупција.

НоваТВ: Како гледате на работата на судството и судските органи?

– Судството е последната алка во синџирот на правосудните институции. Судските одлуки се огледало на ефикасноста и ефективноста на работењето на судиите. Имајќи го предвид бројот на пријави поднесени до ДКСК од граѓани незадоволни од судските одлуки, како и недовербата на граѓаните искажана преку спроведените анкети, очигледно е незадоволството на граѓаните од работењето на судиите. Сметам дека со потранспарентно и поефикасно работење значително ќе се зголеми ефектот од постапувањето на судските органи.

НоваТВ: Дали сте задоволни од работата на ОЈО по однос на вашите иницијативи?

– Не сосема, бидејќи како што напоменав претходно сеуште чекаме одговор за повеќе предмети. Ако кон ова го додадеме податокот дека во изминативе 20 години од страна на ДКСК доставени се 165 пријави до ЈО, а само 3 од нив виделе судска разрешница, како и фактот дека не само ДКСК туку и ДЗР испорачува наоди до ЈО, за кои не сме виделе ефективно постапување, очигледно е дека треба да се преземат сериозни чекори за подобрување на ефикасноста и ефективноста во работењето на ЈО. Ова дотолку повеќе, што и во Извештајот на ЕК за напредокот на државата беше истакната потребата од  зголемување на ефикасноста на другите институции (меѓу кои е и ЈО)  кои понатаму треба да постапат по иницијативите на ДКСК кон целосно затворање на предметите.

НоваТВ: Дали може да зборуваме за успешна борба против криминалот и корупцијата, а притоа Собранието се уште не го донесе Законот за потекло на имот?

– Законот за потекло на имотот е од исклучителна важност во борбата против корупцијата. Ова сме го истакнале повеќе пати во изминативе години. Во моментов подготвена е нацрт верзија со помош на експерти кои ги обезбеди Советот на Европа. ДКСК има одредени забелешки на оваа првична верзија, кои ги достави до работната група. Очекувам оваа година Законот да биде донесен од страна на Собранието на РСМ.

НоваТВ: Колку се сметате како тело кое го има потребното внимание од власта и од јавноста и дали е соодветна поддршката која ја имате од институциите?

– Не можеме да зборуваме за соодветна поддршка од институциите и од власта во услови кога 70% од нашите препораки и иницијативи не се прифатени. Станува збор за многу висок процент кој говори колку нашето општество е подготвено да се соочи со корупцијата како наша реалност и одлучно да се бори против неа. ДКСК постојано работи на подобрување на транспарентноста, а медиумите кои постојано го следат нашето работење и ги пренесуваат нашите пораки до граѓаните, ја исполнуваат својата важна улога во борбата против корупцијата.

НоваТВ: Вмрежувањето со институциите за размена на податоци беше една од вашите заложби. Дали успеавте да се поврзете со институциите или овој недостаток се уште ја кочи брзината на работата на ДКСК?

– Со поддршка на ЕК, преку проект на ИПА, се подготвува софтверското решение кое ќе ни помогне да ја исполниме и оваа законска обврска. Очекувам оваа година да се надмине ова прашање.

– НоваТВ: Дали го надминавте проблемот со дефицит на човечки ресурси?

– За овие три години успеавме бројот на вработени во секретаријатот да го зголемиме за 10. Во тек е спроведувањето на Планот за вработување за оваа година, со кој планиравме 14 нови вработувања. Но, овие бројки се далеку под потребните доколку сакаме во целост да се исполнат надлежностите на институцијата дефинирани во три закони (Закон за спречување корупција и судир на интереси, Закон за заштита на укажувачи и Закон за лобирање).

НоваТВ: Како би ја оцениле перцепцијата на меѓународните тела околу проблемот со корупцијата кој ни го адресираат? Според вас, што треба да се направи за оваа борба да добие поголема видливст?

– Доколку мислите на извештајот за индексот за перцепција на корупцијата, што секоја година го добиваме од Транспаренси Интернејшенл, сакам да појаснам дека овој индекс е пресметан врз база на 7 извори на податоци од 7 независни институции специјализирани во областа на управувањето како и врз база на  анализа на бизнис климата. Резултатот/индексот се формира врз основа на показатели од последните две години односно врз основа на проценета корупција во јавниот сектор на државата од страна на експерти и бизнисмени. Генералните забелешки утврдени на глобално ниво соодветствуваат и со забелешките за нашата држава, кои се однесуваат на:  високо ниво на политичка корупција, недоволна транспарентност во работењето на јавниот сектор и управувањето со судирот на интереси, како и недоволен капацитет и неефикасност на контролните и регулаторни тела.

Доколку сакаме позитивни и видливи резултати потребно е пред се декларативните заложби да се заменат со вистинска и искрена борба на секој чинител во општеството, а особено на службените лица и носителите на јавни функции. Сметам дека секој со свој личен пример може да даде личен придонес за справување со корупцијата како општествено зло. Посебно треба да работи на зголемување на транспарентноста, личниот и институционалниот интегритет, почитување на мерит системот при вработување, управување со судирот на интереси, како и поголема ефикасност на контролните и регулаторни тела, но и ефективност од нивната работа преку спроведување на нивните наоди и препораки.

НоваТВ: Што ви недостасува за да бидете уште поекспедитивни во работата?

– Зголемувањето на бројот на извршители во Секретаријатот, како и електронското поврзување со институциите ќе придонесе за поефикасно работење на институцијата.

НоваТВ: Како ја оценувате работата на последниот владин состав и што очекувате од новата Влада?

Оценката би ја базирала на неколку основи:

– имаше политичка волја за донесување нов Закон за спречување корупција и судир на интереси со кој се прифати и нов транспарентен начин на избор на членовите на Комисијата, што придонесе за избор на независни и професионални членови.

– Преку воспоставување на алатката отворени финансии овозможи граѓаните да имаат увид во трошењето на буџетските средства.

– Со Законот за спречување корупција и судир на интереси, се зголемија надлежностите на ДКСК, но Владата немаше доволно спремност да обезбеди услови за работа на ДКСК (просторни материјално технички и човечки ресурси), со што беше попречено извршувањето на надлежностите дефинирани во Законот, т.е. ефективното работење на комисијата.

– мал процент на прифатени препораки доставени од ДКСК, а ако се има предвид фактот дека Владата со својот пример влијае и на другите институции во прифаќањето и спроведувањето на препораките, очигледно е зошто е мал процентот на прифатени препораки и кај другите Владини институции.

– Не успеа да се избори над политичките влијанија и да се ослободи од непотизам, кронизам и клиентелизам  во однос на вработувањата но и во поставувањето  на висока раководна структура.

Овие наши забелешки се потврдени и во меѓународните извештаи за нашата земја.

Од новата Влада очекувам посериозен пристап кон посочените слабости и спроведување на активностите предвидени во Акцискиот план на Националната стратегија за борба против корупција, намалување на политичкото влијание особено во делот на вработувањата и непречено функционирање на мерит системот, како и почитување и спроведување на политиките за интегритет во државните институции. Се надевам дека препораките кои ДКСК ги упатува до Владата на РСМ и до државните институции воопшто, а се во насока на подобрување и унапредување на функционирањето на контролниот систем ќе бидат прифатени и спроведени.

(Биљана Божиновска)

Антикорупција Билјана Ивановска борба против корупција ДКСК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.