Брифинг за „SWIFT RESPONSE – 22“, најголемата вежба која напролет ќе се одржи на воениот полигон „Криволак“, со над 4.000 учесници од седум сојузнички земји – САД, Велика Британија, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија. Подготовките се при крај, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска, на нејзиниот фејсбук профил.
Вежбата која ќе има воздухопловни елементи и ќе вклучува падобрански скокови, напиша министерката Петровска, ќе ги покаже способностите на Армијата и капацитетот на полигонот „Криволак“ за изведување на големи здружени сојузнички вежби.