НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Усвоена Програмата на економски реформи (2022 – 2024): Клучните реформи ќе бидат со фокус на зелената и дигиталната транзиција, зајакнување на конкурентноста и на човечкиот капитал

0
By НОВА ТВ Balaban on January 29, 2022 ЕКОНОМИЈА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поттикнување зелена транзиција со цел зголемување на уделот на енергија добиена од обновливи извори, зајакнување на човечкиот капитал, како и подобрување на конкурентноста на домашните  претпријатија и нивна интеграција во глобалните вредносни синџири, како и формализација на економијата, се клучните столбови на коишто се темели Програмата на економски реформи за следниот тригодишен период.

Програмата на економски реформи (ПЕР 2022 – 2024), во којашто се идентификувани клучните предизвици за зајакнување на конкурентноста  и растот на економијата е усвоена на седница на Влада, а министерот за финансии, Фатмир Бесими официјално треба да ја достави до Европската комисија најдоцна до 31 јануари.

Во Програмата посебен фокус е ставен на реформите во животната средина во делот на Зелена транзиција, а коишто се однесуваат на справување со цврстиот отпад и отпадните води. Еден од клучните предизвици во следниот период ќе биде енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Притоа, до 2025 година уделот на обновливи извори на енергија во електричната енергија е предвидено да изнесува 46 проценти.

Приоритетните структурни реформи, утврдени со ПЕР, треба особено да придонесат за исполнување на економските критериуми за пристапување кон ЕУ.

Во рамки на идентификуваните предизвици во ПЕР 2022-2024, содржани се 20 реформски мерки што се однесуваат на имплементација на Интелигентен транспортен систем долж Коридорот 10, како и намалување на неформалната економија за што Министерството за финансии спроведува мерки утврдени со Акцискиот план за намалување на сивата економија. Понатаму, мерките ќе бидат фокусирани и на рационализирање на парафискалните давачки, воспоставување информациски систем за управување со државна помош и воспоставување  научно-технолошки парк. Воедно ќе се формира и хибриден инвестициски фонд за зелени и дигитални стартап и иновативни мали и средни претпријатија, во чии рамки до 2023 година се очекува да се привлечат 17 милиони евра за инвестиции.

 

Воедно, како еден од клучните предизвици коишто треба да ја зајакнат конкурентноста и растот на економијата е човечкиот капитал. Во Програмата, содржани се и мерки што ќе придонесат за унапредување на човечкиот капитал. Притоа предвидени се мерки за стандардизација и подобрување на флексибилноста на пазарот на труд што ќе се овозможи преку легислативни интервенции во делот на трудовото законодавство,  продолжување со активностите за воспоставување на регионалните центри за стручно образование како и усогласување на регулативата и правилата за акредитација и евалуација со европските стандарди во однос на високото образование, како и подобрување на примарната здравствена заштита. До 2024 година е предвидено намалено учество на неформално вработените од 12,8% во вкупниот број на вработени (во 2020 година изнесуваше 13,6%).

Новитет е дигиталната трансформација на Управата за јавни приходи

Како новитет во ПЕР 2022-2024 е дигиталната трансформација на Управата за јавни приходи преку воспоставување Интегриран даночен информациски систем, при што до 2024 година е предвидено целосно дигитализирање на даночните обврзници.

 

Извештајот со оценка за ПЕР 2022-2024, ЕК треба да го објави во текот на април 2022 година, а новите заеднички заклучоци ќе бидат донесени во мај годинава во рамки на состанокот на министерско ниво со кој завршува годинешниот  економско-финансиски дијалог меѓу Европската Унија и државите од Западен Балкан и Турција.

 

Програмата на економски реформи е најважен стратешки документ во економскиот дијалог со Европската комисија и земјите членки на ЕУ.  Програмата содржи среднорочна рамка на макроекономската и фискалната политика и структурни реформи што треба да придонесат за зголемување на конкурентноста на економијата и за креирање работни места.

 

Програмата на економски реформи Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.