НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со трета доза заштитата се зголемува на над 80 проценти, единствено со вакцинација може да се намали бројот на реинфекции, вели проф. д-р Петличковски

0
By НОВА ТВ Balaban on February 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Укинување на сертификатите сега би било апсолутно контрапродуктивно.  Трансмисијата на вирусот е се уште на високо ниво, а имаме многу низок степен на вакцинација, нагласи д-р Злате Мехмедовиќ 

Омикронот може да го избегне имунитетот постигнат од прележување на делта варијантата и може да го избегне и имунитетот кој е постигнат со вакцина, ако таа е примена долго време претходно. Затоа, единствен начин да се намали бројот на реинфекции останува вакцинацијата против ковид-19, вклучително третата доза, за која има многу студии кои укажуваат дека заштитата од инфекција се зголемува на над 80 проценти со нејзина примена, истакна денеска новиот претседател на Комисијата за заразни болести, проф.д-р  Александар Петличковски.

Тој образложи на каков начин ќе работи Комисијата, која ќе заседава секој вторник, а по потреба и почесто.

– Новиот состав ќе ги следи научните сознанија за коронавирусот. Но ние нема да работиме според принципот „во Англија се фрлија маските, па и ние ќе ги фрлиме“. Специфични се условите во Македонија и не може еднострано да  прифаќаме одлуки. Денес дискутиравме за почетокот на учебната година, скринингот во училиштата, за сертификатите и набрзо ќе излеземе со првите препораки, рече д-р Петличковски, кој се надева дека релативно кратко ќе трае ситуацијата и потребата за чести состаноци.

Портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ, рече дека нема да има промена како се користат сертификатите, бидејќи нивното укинување сега би било апсолутно контрапродуктивно.

– Сметаме дека на тој начин најдобро ќе се заштити популацијата која нема создадено имунитет. Трансмисијата на вирусот е се уште на високо ниво. Се наоѓаме во зимски месеци кога таа преносливост е дополнително олеснета и доколку сега направиме еден таков радикален чекор за укинување на ковид сертификатите, особено ако земеме предвид дека имаме многу низок степен на вакцинација, тоа ќе биде нешто што може дополнително значително да го оптовари здравствениот систем и сега таа мерка би била апсолутно контрапродуктивна. Затоа, таа нема да се разгледува во наредниот период,  додека се уште сме во ваква кризна состојба, додаде д-р Мехмедовиќ,

вакцинација повторни инфекции сертификатите укинување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.